Во јули и август лани менувачниците свртеле 587 милиони евра
Менувачниците и годинава со оптимизам ја дочекуваат летната сезона, откако лани во само два месеци, јули и август, оствариле вкупен промет од 587 милиони евра. Според анализата на „Пари“, повикувајќи се на податоци од Народната банка, во јули бил реализиран промет од 316,2 милиони евра, а во август 270,9 милиони евра. Граѓаните во текот на 2025 година понудиле, а менувачниците откупиле девизи во вредност од над 2,2 милијарди евра, што е речиси на исто ниво како и претходната
Менувачниците и годинава со оптимизам ја дочекуваат летната сезона, откако лани во само два месеци, јули и август, оствариле вкупен промет од 587 милиони евра. Според анализата на „Пари“, повикувајќи се на податоци од Народната банка, во јули бил реализиран промет од 316,2 милиони евра, а во август 270,9 милиони евра. Граѓаните во текот на 2025 година понудиле, а менувачниците откупиле девизи во вредност од над 2,2 милијарди евра, што е речиси на исто ниво како и претходната година. Од друга страна, продажбата на девизи бележи раст и достигнала 571,5 милиони евра, што е за 7,84 проценти повеќе во однос на 2024 година. Анализата на „Пари“ покажува дека најголемиот девизен промет традиционално се концентрира во екот на летната сезона, кога во земјава пристигнуваат иселеници, се зголемуваат туристичките движења и растат патувањата на граѓаните. Во структурата на откупените девизи, јули останува најсилен месец со 262,3 милиони евра, пред август со 221,5 милиони евра и октомври со 200,1 милион евра. Сличен тренд бил забележан и во 2024 година, што потврдува дека летото и натаму е двигател на менувачкиот пазар во Македонија. Провизиите „горат“- за водење на сметка во банка 35 денари месечно, за плаќање сметка на шалтер 50 денари The post Во јули и август лани менувачниците свртеле 587 милиони евра appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →