Македонија има само 13 инспектори за животна средина – дали државата треба да ги преземе уздите од општините?
Македонија има хроничен недостиг на државни инспектори за животна средина – само 13 луѓе во цела земја. Струмица, Прилеп, Битола, Куманово воопшто немаат инспектор за животна средина, а во Охрид, иако е подрачје под заштита на УНЕСКО, постои само еден. Државниот инспекторат за животна средина, како клучна институција што треба да ги следи главните загадувачи, кубури со пола од потребните еколошки инспектори, а тие што ги има се пред пензија или веќе одработиле за цел живот. И
Македонија има хроничен недостиг на државни инспектори за животна средина – само 13 луѓе во цела земја. Струмица, Прилеп, Битола, Куманово воопшто немаат инспектор за животна средина, а во Охрид, иако е подрачје под заштита на УНЕСКО, постои само еден. Државниот инспекторат за животна средина, како клучна институција што треба да ги следи главните загадувачи, кубури со пола од потребните еколошки инспектори, а тие што ги има се пред пензија или веќе одработиле за цел живот. И, ова се случува додека Македонија е меѓу најкритичните еколошки точки во Европа и со горлив проблем со фосилни горива, индустрија, рудници, сообраќај и со депонии. Дарко Блинков од Државниот инспекторат за животна средина за „Слободен печат“ вели дека четворица негови колеги во 2024 и 2025 година отишле во пензија додека на крај на годинава, во декември, завршува кариерата и на инспектор од Тетово. — Во меѓувреме добивме помладок, но тие се договорци на една година. Практично, не можат да полагаат ниту за административен службеник, а камоли да дојдат до модулите што ги пропишува Законот за инспекциски надзор, за да може да полагаат за инспектор – теоретскиот и практичниот дел — вели Блинков. Тој објаснува дека во Инспекторатот се вработени вкупно 24 луѓе плус директорката, од кои само 18 се инспектори. Тринаесет од нив се за животна средина, три за природа и двајца се водоспопански, иако само за Скопје требаат барем десетмина. — По актот за систематизација (Правилник), од 50 работни места, само 24 се пополнети и имаме недостиг од 26 луѓе. Тоа е 50 отсто. Годинава, институцијата располага со околу 35 милиони денари, или два милиони помалку од лани, од кои 83 отсто одат за плати, а другите се за бензин, потрошен материјал и слично. За жал, малку се. Ако го земеме примерот на словенечкиот инспекторат, тој има дупло вработени (50), а годишниот буџет му е 7,5 милиони евра — посочува Блинков. Генерална криза со инспекцискиот систем Според генералниот инспектор за животна средина, ситуацијата на општинско ниво е исто така „во незавидна ситуација“. Станува збор за инспектори што се грижат за помалите капацитети со Б-интегрирани дозволи, но и за разни локални еколошки проблеми. — Иако имаат законска обврска да назначат инспектори, тоа го имаат направено само околу 50 отсто од општините. Генерално, инспекцискиот систем е во криза. Дополнително, од 1 јануари 2026 сите државни инспекторати се вратија повторно во министерствата. Ние цело време сме органи во состав на министерствата, меѓутоа го изгубивме буџетот од прва линија и правниот субјективитет (н.з. наместо директорката да одговара за буџетот и вработувањата, сега одговара министерот). Со тоа, голем број инспекторати се соочуваат со административни и со финансиски предизвици, како и со недостиг од човечки ресурси — забележува тој. Гиновска: Отпадот е најголем еколошки проблем, а половина општини немаат инспектор за животна средина На прашањето „што е решението“, Блинков посочува дека на повисоко владино ниво веќе имале „позитивни разговори и согласност за реформи“. — Проектот ни завршува некаде во ноември, па ќе предложиме да нема инспектори на локално ниво. Тоа значи, Државниот инспекторат да превземе 20-30 од општините и да се воспостави единствен систем на инспекција, како што беше пред 20-ина години. Ќе направиме интерна реорганизација – кој за што ќе биде по области. Да има покриеност и да нема „дупки“ по надлежности. Меѓутоа, тоа е процес, треба да се сменaт законите за животна средина, за инспекција во животната средина, за локална самоуправа и законот за Град Скопје. Треба политичка волја за промени — вели Генералниот инспектор за животна средина. Инспекторски модел без страв и пристрасност? Кирил Ристовски е дел од „Флорозон“, организација која заедно со останати еколошки здруженија, иницијативи и активисти, исто така, даде предлог локалните инспектори целосно да се изземат од надлежноста на општините, односно да влезат во составот на државните инспекторати. Со тоа, надлежноста за сите влијанија врз почвата, водата, воздухот или отпадот би паднала на државните инспекторати. Македонија повторно меѓу најзагадените критични точки на стариот континент Практично, инспекторскиот систем би бил планиран по региони. Така, вели тој, ќе се распределуваат ресурси, а и ќе се негува модел без пристрасност. — Во помалите средини многу е тешко да се биде инспектор бидејќи секој со секој се знае. Тие врски се многу блиски. Но, на пример, друго е ако од Пробиштип дојде некој инспектор во Крива Паланка. Ќе биде многу пообјективен, непристрасен и целисходен во работата — посочува претседателот на „Флорозон“, кој над 20 години истражува во полето на заштитата и мониторингот на животната средина. Сега, со моменталната поставеност, вели тој, локалните инспектори се исплашени да постапуваат самостојно и не се осмелуваат да излегуваат на терен. — Градоначалникот ја има главната улога за тоа кој ќе биде инспек
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →