Артан Груби речиси четири месеци e во куќен притвор – обвинение уште нема

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 4 saat önce
Артан Груби речиси четири месеци e во куќен притвор – обвинение уште нема

Поранешниот вицепремиер Артан Груби , кој на крајот на февруари, по 14 месеци во бегство, се појави на граничниот премин Блаце и со насмевка им се предаде на истражните власти, веќе четири месеци е во куќен притвор, а Обвинителството сè уште води истрага. Не е донесена одлука дали ќе се поведе обвинение против него или ќе биде запрена постапката за сомнежите за проневера на осум милиони евра при набавката на апарати за комар за потребите на Државната лотарија. Од Обвинителств

Поранешниот вицепремиер Артан Груби , кој на крајот на февруари, по 14 месеци во бегство, се појави на граничниот премин Блаце и со насмевка им се предаде на истражните власти, веќе четири месеци е во куќен притвор, а Обвинителството сè уште води истрага. Не е донесена одлука дали ќе се поведе обвинение против него или ќе биде запрена постапката за сомнежите за проневера на осум милиони евра при набавката на апарати за комар за потребите на Државната лотарија. Од Обвинителството не кажуваат ниту дали Груби конечно дал исказ во Обвинителството или сè уште не е повикан. ФОТО | Уапсен Артан Груби – Предметот е во фаза на истрага, се преземаат дејствија и повеќе детали во моментов не можат да се споделат – велат од Обвинителството. На прашањето дали Груби дал исказ, од Обвинителството ниту потврдуваат ниту демантираат, само кратко ни одговорија: – Детали од постапката не можат да се споделуваат во моментов – ни рекоа оттаму. Детали за истрагата не сподели ниту адвокатот на Груби, Гоце Ристески. На последниот брифинг, републичкиот јавен обвинител Ненад Савески објаснуваше дека секој јавен обвинител изготвува истражен план во кој утврдува кои докази треба да се обезбедат. – Во овој момент не би навлегувал во конкретни предмети, бидејќи не е соодветно тие да се коментираат јавно додека се во тек. … Во однос на времетраењето на истрагите, законскиот рок е шест месеци, со можност за продолжување, доколку има потреба. Не постои прецизно мерило кога доказите се доволни, тоа е проценка на јавниот обвинител – рече Савески. Од „Блаце“ Груби беше пренесен во притвор во Шутка, но оттаму замина во Обвинителството и со часови остана таму, по што беше решено сепак да оди во куќен притвор, иако 14 месеци беше во бегство. Оттаму се повикаа на безбедносната проценка што ја дале АНБ и МВР, од каде што, пак, никогаш не објаснија кој точно му се заканувал на Груби и зошто не би бил безбеден во Шутка. Мицкоски и Фројд Иако претходниот републички обвинител што си даде оставка пред да биде разрешен, Љупчо Коцевски, уште минатата година тврдеше дека истрагата во која е осомничен Груби е речиси завршена, дека сите докази се собрани и дека единствено се чека негова екстрадиција, сепак, и по два месеца откако Груби сам дојде во земјава, јавнообвинителска одлука уште нема. Новиот обвинител Ненад Савески, само што беше назначен на функцијата, рече дека Груби нема дадено исказ и дека ќе даде откако обвинителите ќе ја завршат истрагата. Груби е осомничен за „проневера во службата“, затоа што претседавал со владината седница на која Владата ја задолжила Државната лотарија да набави т.н. ВЛТ-терминали со цел да почне самостојно да организира електронски игри на среќа. За ова кривично дело му се заканува затворска казна од најмалку четири години, а нема максимално предвидена горна граница за висина на казната. Во предистрага уште е и предметот што се води против него, откако се најде на „црната листа“ на САД. Обвинителството се позанимава со довчерашниот потпретседател на ДУИ и со судијата Енвер Беџети, кој исто така доби забрана од САД, поради наводна вмешаност во значителна корупција, политичко мешање и обиди за оцрнување на судството. Образложението е дека примиле мито за да влијаат врз судските процеси поврзани со кривичната пресуда на ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, а поврзано со предметот за масовното прислушување. The post Артан Груби речиси четири месеци e во куќен притвор – обвинение уште нема appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön