Злато и дијаманти се увезени за 15 милиони евра, ама и шверцерите имале работа
Златото веќе подолго време е во фокусот на инвеститорите, но и на граѓаните кои традиционално го гледаат како сигурна инвестиција во време на економска неизвесност. Светските цени во изминатите две години достигнаа историски рекорди, поттикнати од геополитичките тензии, инфлацијата и зголемената побарувачка од централните банки. Податоците што ги доби „Слободен печат“ од Царинската управа покажуваат во земјава лани се увезени необработено злато и златни шипки во вредност од н
Златото веќе подолго време е во фокусот на инвеститорите, но и на граѓаните кои традиционално го гледаат како сигурна инвестиција во време на економска неизвесност. Светските цени во изминатите две години достигнаа историски рекорди, поттикнати од геополитичките тензии, инфлацијата и зголемената побарувачка од централните банки. Податоците што ги доби „Слободен печат“ од Царинската управа покажуваат во земјава лани се увезени необработено злато и златни шипки во вредност од над 15 милиони евра, а е регистриран и увоз на дијаманти вреден околу 77 илјади евра. Увезени се 1,8 грама дијаманти, 152,6 грама злато во разни форми, вклучувајќи шипки и монетарно злато. Растот на цената веќе подолго време се чувствува и на домашниот пазар. Златниот накит станува сè поскап, па купувачите почесто се одлучуваат за полесни парчиња. Дури, како што велат низ продавниците во градот, често се прави „компромис“ со сребро. – Најчесто продаваме бурми. Но, веќе и тие се многу скапи. Треба да се издвојат и по петнаесетина илјади денари за еден прстен. Неретко, дури и за свадба се премислуваат, па ќе купат сребрен накит. Но и среброто е многу поскапено. Сè уште бабите имаат мерак да купат обетки за внуките, некако тоа останало како традиција. За жал, сега тие чинат 100 евра, а се сосема мали – велат во една златарница во Градскиот трговски центар во Скопје. Од друга страна, тие што имаат заштеда бараат инвестициско злато – плочки и монети. Побарувачката е голема, па дури и се чека на ред, со запишување за да се дојде до посакуваната плочка. Сепак, за разлика од пред една година кога во еден момент се случи буквално да нема ни грам инвестициско злато, сега за поголем дел од златните плочки и монети на официјалната страница на „Инвест метал“ пишува дека ги има на залиха. Инвестициско злато продава и Уни банка. На пример, една монета од 3,1 грам е 32.885 денари, а една плочка од 100 грама е 883.224 денари. Интересен е податокот и што е поскапо златото, има сè повеќе обиди за негово шверцување. Во 2020 година биле регистрирани две заплени на злато, во 2021 една, во 2022 пет, во 2023 три, а во 2024 година шест случаи. Веќе во 2025 година бројот пораснал на 11, а истиот број е достигнат и во првата половина од оваа година. – Царинската управа спречи 11 обиди за криумчарење на злато и златен накит, при што во сите случаи сторителите се кривично гонети. Во оваа насока вредно е да истакнеме дека годинава заклучно со денеска, се спречени 11 обиди за криумчарење злато, што е еднакво на бројот на заплени остварени во текот на цела мината година. Годинава по овој основ до надлежните јавни обвинителства се поднесени девет кривични пријави против десет лица. Ваквите случаи јасно ја покажуваат цврстата посветеност на Царинската управа за сузбивање на сите форми криминал, заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување фер конкурентност на пазарот – изјавија од Царинската управа за „Слободен печат“. Оттаму посочуваат дека во сите 11 случаи се одземени вкупно два килограми златен накит. Економистите оценуваат дека додека геополитичките ризици и неизвесноста на глобалните пазари остануваат високи, интересот за златото веројатно нема да опадне. Прашањето е дали високите цени ќе продолжат да ја поттикнуваат легалната трговија или ќе создадат уште поголем простор за шверц и сива економија. Нова заплена на златен накит – вредноста е 1,1 милион евра На граничниот премин Богородица, царински службеници запленија златен накит вреден 1,1 милиони денари откако открија двајца косовски државјани во обид да го шверцуваат, објави денес Царинската управа. Златниот накит, четири златни ланчиња со вкупна тежина од 190,6 грама, осомничените го купиле во Турција, а потоа, со намера да го шверцуваат, го ставиле на себе и го прикриле со облеката. Случајот е предаден на Одделението за истраги, кое против сторителите поднесе кривична пријава до ОЈО Гевгелија. The post Злато и дијаманти се увезени за 15 милиони евра, ама и шверцерите имале работа appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →