Италијански возачи на трамваи сликале патнички и ги исмејувале во тајна „Ватсап“ група

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 4 saat önce
Италијански возачи на трамваи сликале патнички и ги исмејувале во тајна „Ватсап“ група

Десетина трамвајџии во Милано вчера биле суспендирани од работа во рамки на истрага за група на „Ватсап“ во која наводно разменувале сексистички и вулгарни коментари за слики од патнички, објави „Гардијан“ . Миланските обвинители ставиле под истрага најмалку еден вработен во АТМ, градската компанија за јавен превоз, поради наводен неовластен пристап до системот за надзорни камери, со цел добивање слики од патнички. Според извештаи во италијанските медиуми, наредени се претрес

Десетина трамвајџии во Милано вчера биле суспендирани од работа во рамки на истрага за група на „Ватсап“ во која наводно разменувале сексистички и вулгарни коментари за слики од патнички, објави „Гардијан“ . Миланските обвинители ставиле под истрага најмалку еден вработен во АТМ, градската компанија за јавен превоз, поради наводен неовластен пристап до системот за надзорни камери, со цел добивање слики од патнички. Според извештаи во италијанските медиуми, наредени се претреси на домовите на пет други вработени, како и конфискација на нивните мобилни телефони и на други уреди. Осомничените наводно ги фотографирале снимките од надзорните камери во трамваите, на кои биле прикажани нозете, лицето, градите и бутовите на патнички. Потоа, ги споделувале во тајна група на „Ватсап“. Обвинувањата излегле на виделина откако жена која патувала со трамвај број 15 забележала возач надвор од смена, кој сè уште ја носел униформата и седел пред неа, како на телефонот го прегледува групниот разговор со такви слики и со сексистички коментари и шеги за телата на жените. Грк-газда ги снимал гостите со скриени камери во хотел на Халкидики, згрозените туристи ќе тужат Таа фотографирала дел од разговорот на телефонот на возачот и го испратила до позната феминистичка активистка, која го пријавила случајот до ATM. „ATM веднаш реагираше и со најголемо внимание за целосно разјаснување на случајот, за проверка на правилната употреба на службените алатки, за заштита на клиентите и за илјадниците вработени кои секој ден коректно работат во служба на градот,“ соопшти компанијата. Засега не е јасно дали сликите потекнуваат од надзорниот систем во само еден трамвај или во повеќе возила, ниту дали биле споделувани надвор од групниот разговор. „Станува збор за многу сериозен инцидент кој бара целосно разјаснување, бидејќи ако се потврдат фактите, би се соочиле со сериозни кривични дела казниви според нашиот кривичен законик, што би отворило и можност за граѓански тужби за надомест на штета од жртвите,“ изјави Марко Марија Донцели, претседател на „Кодаконс“ во Ломбардија — италијанска организација за заштита на потрошувачи која поднела формална пријава до миланското обвинителство. Прашањето за онлајн мизогинија предизвика гнев во Италија минатата година, кога Џорџа Мелони реагираше откако на еден порнографски веб-сајт беа објавени неовластени и манипулирани слики од жени, меѓу кои и самата премиерка. ФОТО | Лажна фотографија од Мелони во долна облека се прошири на интернет – таа возврати: „Баш ме разубавиле“ The post Италијански возачи на трамваи сликале патнички и ги исмејувале во тајна „Ватсап“ група appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön