Жители на Алдинци и Мала Река со протест побараа одговорност за сотрената шума на Караџица

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 4 saat önce
Жители на Алдинци и Мала Река со протест побараа одговорност за сотрената шума на Караџица

Жители на селата Алдинци и Мала Река денеска одржаа мирен протест за да го кренат гласот против, како што рекоа, нелегалната сеча и уништување на шумите, како и против оштетувањето на локалните патишта од тешка механизација и транспортни возила на Караџица, дел од масивот Јакупица. Според искуствата на терен, најголема штета има по шумите од Алдинци кон планинарскиот дом „Караџица“. „Нашата порака е јасна: шумите, патиштата, нивите и нашите имоти не смеат да се уништуваат без

Жители на селата Алдинци и Мала Река денеска одржаа мирен протест за да го кренат гласот против, како што рекоа, нелегалната сеча и уништување на шумите, како и против оштетувањето на локалните патишта од тешка механизација и транспортни возила на Караџица, дел од масивот Јакупица. Според искуствата на терен, најголема штета има по шумите од Алдинци кон планинарскиот дом „Караџица“. „Нашата порака е јасна: шумите, патиштата, нивите и нашите имоти не смеат да се уништуваат без одговорност и без консултација со локалното население“, посочија жителите. Тие денеска ги повторија барањата за прекин на сечата на шумите, итно чистење на патиштата, како и санација на штетите предизвикани на локалната инфраструктура. „Бараме полна транспарентност за сите досегашни активности, исто и одговорност за нанесените штети и постапки против одговорните лица. Вклучување на претставници од Алдинци и Мала Река во одлучувањето за шумарските активности. Бараме и строга контрола на мини хидроцентралата, бидејќи ипротокот на водата во реката Кадина е значително намален, што го доведува во опасност флората и фауната на овој природен екосистем“, рекоа од месните заедници на Алдинци и Мала Река. Тие најавуваат ќе застанат во одбрана на шумите и правата на жителите, сѐ додека не се им се исполнат барања. „Заедно за заштитени шуми, безбедни патишта и подобра иднина за нашата Каршијака“, соопштија по протестот. „Шумите на Караџица се уништени“ – локални жители утре излегуваат на протест и не даваат сеча без нивна дозвола The post Жители на Алдинци и Мала Река со протест побараа одговорност за сотрената шума на Караџица appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön