Роналдо му се поклони на Меси по хет-трикот против Алжир: Tој е најдобриот играч на сите времиња

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 3 saat önce
Роналдо му се поклони на Меси по хет-трикот против Алжир: Tој е најдобриот играч на сите времиња

Лионел Меси уште еднаш испиша историја на Светските првенства . Аргентинeцот блесна во победата над Алжир , постигнувајќи хет-трик со кој стигна до бројката од 16 голови на мундијалските настапи. Со овој учинок, Меси се израмни со легендарниот Мирослав Клосе на врвот на вечната листа на стрелци на Светските првенства, а воедно го надмина и бразилскиот ас Роналдо Назарио , популарниот „Феномен“, кој речиси две децении го држеше второто место. ВИДЕО | Мундијалски вести: Меси ис

Лионел Меси уште еднаш испиша историја на Светските првенства . Аргентинeцот блесна во победата над Алжир , постигнувајќи хет-трик со кој стигна до бројката од 16 голови на мундијалските настапи. Со овој учинок, Меси се израмни со легендарниот Мирослав Клосе на врвот на вечната листа на стрелци на Светските првенства, а воедно го надмина и бразилскиот ас Роналдо Назарио , популарниот „Феномен“, кој речиси две децении го држеше второто место. ВИДЕО | Мундијалски вести: Меси испиша историја, Халанд со два гола и донесе победа на Норвешка Додека фудбалскиот свет го славеше новиот историски подвиг на Аргентинецот, вниманието го привлече и реакцијата на Роналдо . Наместо разочарување поради губењето на својата позиција на листата, Бразилецот испрати порака исполнета со почит и восхит. Во разговор за „Мундо Депортиво“, Роналдо не штедеше зборови за Меси . „Секој пат кога Меси ќе излезе на теренот, сè друго станува историско и елегантно. Време е светот да престане да се крие и да го прифати фактот дека тој е најдобриот играч на сите времиња“, изјави Роналдо. Меси за солзите по првиот гол против Алжир: „Немаше никаква врска со фудбалот, поминав низ тешки денови“ Легендарниот Бразилец додаде дека Меси со години покажува неверојатна константност и продолжува да ги поместува границите на можностите. „Тој продолжува да игра на врвно ниво секоја сезона, како и на Светското првенство, а сепак сè уште постојат сомнежи околу него. Ова е незаборавна и историска вечер која засекогаш ќе остане запишана во историјата“, порача Роналдо. ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Единствените македонски известувачи од Мундијалот: Мијалче и Наташа Дургутови The post Роналдо му се поклони на Меси по хет-трикот против Алжир: Tој е најдобриот играч на сите времиња appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön