Раперот Мистикал е осуден на 20 години затвор за силување

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 2 saat önce
Раперот Мистикал е осуден на 20 години затвор за силување

Раперот Мистикал , кој на почетокот на 2000-тите беше номиниран за неколку Греми награди, е осуден на 20 години затвор поради силување на жена во неговиот дом во Луизијана во 2022 година, пренесува Си-ен-ен . Мистикал, чие вистинско име е Мајкл Лоренс Тајлер , во март постигнал спогодба со обвинителството и признал вина за силување од трет степен. Со оваа спогодба неговата казна била ограничена на 20 години затвор, што е пет години помалку од максималната предвидена казна за

Раперот Мистикал , кој на почетокот на 2000-тите беше номиниран за неколку Греми награди, е осуден на 20 години затвор поради силување на жена во неговиот дом во Луизијана во 2022 година, пренесува Си-ен-ен . Мистикал, чие вистинско име е Мајкл Лоренс Тајлер , во март постигнал спогодба со обвинителството и признал вина за силување од трет степен. Со оваа спогодба неговата казна била ограничена на 20 години затвор, што е пет години помалку од максималната предвидена казна за тоа кривично дело. Истовремено, тој избегнал обвинение за силување од прв степен, кое автоматски би значело доживотен затвор. Сепак, само неколку дена пред изрекувањето на пресудата, побарал од судот да го повлече признанието на вината, тврдејќи дека немал доволно време целосно да ги согледа последиците од таквата одлука. Пред изрекувањето на пресудата, жртвата сведочела пред судот и побарала судијата да му ја изрече максималната казна. Таа изјавила дека раперот во неговиот дом во Прајривил, место на околу 30 километри од Батон Руж, ја тепал, ја давел, ја влечел за плетенките и на крајот ја силувал. „Ако навистина сум ти го направил тоа, тогаш заслужувам максимална казна“, ѝ одговорил Мистикал во судницата, според локалните медиуми. Раперот се наоѓа во притвор без можност за кауција уште од неговото апсење во 2022 година. Мистикал се прослави во 90-тите години, а најголем успех постигна со хитот „Shake Ya Ass“, кој му донесе номинација за Греми за најдобра соло рап изведба. Ова не е негов прв судир со законот. Во 2003 година признал вина за сексуален напад, по што бил осуден на шест години затвор. Истата година добил и две номинации за Греми – за најдобар рап-албум „Tarantula“ и за најдобра машка соло рап изведба за песната „Bouncin’ Back (Bumpin’ Me Against the Wall)“. The post Раперот Мистикал е осуден на 20 години затвор за силување appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön