Филипче на годишнината од Преспанскиот договор: Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место
„Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место“, рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска во одговор на новинарско прашање за коментар околу Договорот од Преспа, кој беше потпишан на денешен ден пред осум години. Со овој договор, земјава се согласи да го смени името во Република Северна Македонија и да ги регулира односите со Грција, а за возврат да биде примена за полноправна членка на НАТО-ал
„Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место“, рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска во одговор на новинарско прашање за коментар околу Договорот од Преспа, кој беше потпишан на денешен ден пред осум години. Со овој договор, земјава се согласи да го смени името во Република Северна Македонија и да ги регулира односите со Грција, а за возврат да биде примена за полноправна членка на НАТО-алијансата. Филипче рече дека Преспанскиот договор затворил едно крупно, повеќедецениско прашање — спорот за името со Грција и отворил перспектива за државата, безбедноста и економскиот развој. „Преспанскиот договор затвори едно прашање, повеќедецениски спор за името со Грција. Ние сега, од оваа временска дистанца, осум години сме земја членка на НАТО, дел од најмоќниот воен сојуз, нешто што поттикнува и инвеститори да дојдат да инвестираат во земјата, што видовме за време на нашите мандати. За жал, сега оваа власт тоа не го прави, не го практикува, едноставно немаат капацитет да ја водат и економијата како што треба“, рече Филипче. Тој додаде дека денес, од оваа временска дистанца, со право се поставува вистинското прашање — каде ќе беше Македонија денес ако спорот со Грција беше решен многу порано? „Каде ќе бевме сега ако тој повеќедецениски спор со Грција беше решен на почетокот на 90-тите години? Дали ќе бевме во рангот на една Словенија, а сум прилично сигурен дека ќе бевме. Со сите проблеми со кои што сега се соочуваме, едноставно немаше да треба да се соочуваме. Тоа е само уште еден аргумент во прилог на тоа дека храбрите државнички политики се тие кои што ни требаат. Не ни требаат политичари, кукавици, како што сега седат во Владата, кои што се грижат само за сопствениот интерес“, рече Филипче. Осум години од потпишувањето на Договорот од Преспа The post Филипче на годишнината од Преспанскиот договор: Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →