Модриќ пред Англија: Го познавам добро Белингам и знам колку може да биде опасен
Хрватската фудбалска репрезентација го започнува својот настап на Светското првенство денеска од 22.00 часот, а прв ривал ќе биде селекцијата на Англија во рамките од групата Л каде играат и селекциите на Гана и Панама. За капитенот на Хрватска, Лука Модриќ, ова ќе биде петти настап на Светското првенство и 10 големо меѓународно натпреварување. – Имавме одлично подготовки и во Хрватска и во САД. Задоволен сум од тоа како работевме и верувам дека ќе го покажеме тоа на теренот.
Хрватската фудбалска репрезентација го започнува својот настап на Светското првенство денеска од 22.00 часот, а прв ривал ќе биде селекцијата на Англија во рамките од групата Л каде играат и селекциите на Гана и Панама. За капитенот на Хрватска, Лука Модриќ, ова ќе биде петти настап на Светското првенство и 10 големо меѓународно натпреварување. – Имавме одлично подготовки и во Хрватска и во САД. Задоволен сум од тоа како работевме и верувам дека ќе го покажеме тоа на теренот. Имаме комбинација од искуство и младост, квалитетен тим и во текот на СП ќе видиме на што сме способни. Очекувањата се големи, но одиме натпревар по натпревар – рече Модриќ. Иако дуелот против Англија се смета за еден од клучните во групната фаза, хрватскиот капитен смета дека еден резултат не може да ја одреди судбината на тимот на првенството. Фото: EPA-EFE/TOMS KALNINS – Секој натпревар за репрезентацијата е посебен и важен. Првиот натпревар е важен за самодовербата, но не е одлучувачки. Најважно е да го дадеме нашиот максимум и да ја претставиме Хрватска на најдобар можен начин – вели Модриќ. Англија има голем квалитет, доаѓа на Мундијалот како еден од фаворитите за освојување на титулата, а Модриќ особено предупредува за ѕвездата на средниот ред, Џуд Белингам. – Имаме многу тежок натпревар против врвен противник. Англија има огромен број квалитетни играчи. Го познавам добро Белингам и знам колку може да биде опасен, но ние веруваме во себе и сме подготвени за предизвикот. Не размислуваме на ништо друго, нè интересира само Англија и поминувањето на групната фаза. Ако ја постигнеме таа цел, тогаш можеме да бидеме опасни за сите – се зборовите на Модриќ. The post Модриќ пред Англија: Го познавам добро Белингам и знам колку може да биде опасен appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →