Ивановски: Успехот на македонските тенисери во Молдавија е резултат на квалитет, искуство и младост

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 2 saat önce
Ивановски: Успехот на македонските тенисери во Молдавија е резултат на квалитет, искуство и младост

Македонската тениска репрезентација втора година по ред избори пласман во Втората светска група од Дејвис купот. На натпреварувањето што се одржа во Кишињев, Молдавија, македонските тенисери го освоија третото место откако во решавачкиот дуел ја победија Црна Гора со 2:1. Претходно во групата Македонија загуби од домаќинот, а постигна победи против Косово и носителот Грузија. – Успеавме да се вратиме во Втората светска група, тоа и ни беше целта на настапот во Молдавија, кој

Македонската тениска репрезентација втора година по ред избори пласман во Втората светска група од Дејвис купот. На натпреварувањето што се одржа во Кишињев, Молдавија, македонските тенисери го освоија третото место откако во решавачкиот дуел ја победија Црна Гора со 2:1. Претходно во групата Македонија загуби од домаќинот, а постигна победи против Косово и носителот Грузија. – Успеавме да се вратиме во Втората светска група, тоа и ни беше целта на настапот во Молдавија, кој може да го оценам како успешен. Главна цел ни е создавање на тим од искуство и младост и уште поважно е да има хемија во тимот за да постигнуваме резултати. Се надевам дека подолго ќе останеме во Втората светска група и да ја исполниме целта да влеземе во Првата светска група. Ќе напомнам дека бевме во силна група, а Црногорците беа разочарани по поразот во саботата – изјави претседателот на федерацијата Александар Ивановски на денешната прес конференција. Ивановски се осврна и на настапот на играчите, како и настапот на Олег Приходко, Украинец, кој доби македонски пасош. – Калин Ивановски сметам дека се надмина себе си, пред сè по повредите и операцијата. Добро е што успеа да се врати и да биде во формата од 2023 година. Тој настапи и лани за репрезентацијата, но играше повреден. Оваа година ги доби сите сингл мечеви. За Олег Приходко можам да кажам дека даде максимум, тоа е играч, кој е околу 300 место на АТП листата со титула од Челинџер турнир. Имаше голема желба да се докаже, а имаше и малер во првиот меч против Албот од Молдавија водеше со 1-0 во сетови и предност од 3-1 во гемови во вториот сет. Тогаш почна на чувствува грчеви, иако дотогаш покажа перфектна игра – рече Ивановски. Селекторот на репрезентацијата Горан Шевченко потенцираше: – Се вратив на оваа позиција во 2023 година, да помогнам на нашите играчи, кои го бараа тоа од мене. Во Молдавија вторпат по ред успеваме да направиме „промоција“ односно да се избориме за Втората Светска група. Од 2023 година имам проблем како селектор да ги соберам играчите, дел ги игнорираат пораките или имаше случаи кога тие што биле одбрани едноставно не вложувале квалитет на теренот, како да не е меч за државата, за нашето знаме. Воедно ќе потенцирам дека градиме тим за успех и тие што настапуваат за репрезентацијата треба да бидат пример за сите помлади, а ако се трудиме успехот ќе дојде. Што се однесува за мечевите во Молдавија можам да кажам дека дублот Калин и Олег го одиграа навистина „македонски“ и тоа ни ја донесе победата – кажа Шевченко. Нашата репрезентација противникот во Втората светска група за првиот дуел во 2027 година што ќе се игра во февруари ќе го дознае во октомври годинава. Македонските тенисери се изборија за промоција во Втората светска група The post Ивановски: Успехот на македонските тенисери во Молдавија е резултат на квалитет, искуство и младост appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön