Нема крај на градежните работи на „Мирослав Крлежа“, жителите се наголтаа прашина
Пред четири месеци започна реконструкцијата на улицата „Мирослав Крлежа“ во Дебар Маало, која беше најавувана со години, уште во мандатот на ексградоначалникот Саша Богдановиќ, но денес просторот е затрупан во прашина и активностите се небаре запрени. Улица Мирослав Крлежа – Фото Слободен печат – Методи Здравев Целта на овој проект е да се затвори целиот потег од зградата на Министерството за култура, па сѐ до крајот на улицата, која е слепа и не излегува на булеварот „Партиз
Пред четири месеци започна реконструкцијата на улицата „Мирослав Крлежа“ во Дебар Маало, која беше најавувана со години, уште во мандатот на ексградоначалникот Саша Богдановиќ, но денес просторот е затрупан во прашина и активностите се небаре запрени. Улица Мирослав Крлежа – Фото Слободен печат – Методи Здравев Целта на овој проект е да се затвори целиот потег од зградата на Министерството за култура, па сѐ до крајот на улицата, која е слепа и не излегува на булеварот „Партизански одреди“, и целиот овој простор да се пренамени во пешачка и резиденцијална зона за паркинг, со што право на влез и паркирање ќе имаат само жителите на зградите на овој потег. Реконструкцијата се изведува на вкупна површина од околу 6.000 метри квадратни, а како што тогаш најавија од Општината, 70 отсто од потребните финансиски средства се обезбедени од Светска банка, додека преостанатите се покриени од општинскиот буџет. – Станува збор за проект што се реализира на барање и по мера на жителите. Ова е зафат што долго време беше најавуван и ветуван, но денес конечно се реализира на терен. Овој дел од Дебар Маало, добива нов лик, уреден, безбеден и функционален јавен простор – изјави градоначалникот Горан Герасимовски на денот кога отпочнаа градежните активности. ВИДЕО | Богдановиќ: Со реконструкција на ул. „Мирослав Крлежа“, Дебар Маало добива пешачка и резидентна зона Иако во рамките на реконструкцијата е предвидено да се инсталира ново улично осветлување, да се постават клупи и канти за отпадоци, како и целосна обнова на коловозот и на тротоарите со поставување гранитни и травертин плочи, денес, четири месеци подоцна, местото е полно со прашина и дупки за каблите за струја кои во најголем дел се обележани и со црвена лента, но има и дупки што не се воопшто заштитени и се потенцијална опасност за пешаците што транзитираат одовде. На дел од улицата се поставува нова водоводна и атмосферска мрежа, додека фекалната канализација е веќе изведена, а каблите на ЕВН се спуштени под земја, а од Општината претходно информира дека проектот вклучува и уредување на зелените површини, замена на исушените дрвја со нови садници и поставување ниско зеленило. Улица Мирослав Крлежа – Фото Слободен печат – Методи Здравев Сепак, денес голем дел од овие предвидени изведувања не се заврши, а скопјанка, која живее во близина на оваа улица, за „Слободен печат“ вели дека секојдневно поминувајќи на оваа улица голта прашина, а дека навечер не се познаваат отворените дупки, што е опасно за минувачите. – Јас секојдневно минувам по „Мирослав Крлежа“ и постојано голтам прашина, местото е цело ископано и незаградено, а градежните активности се забавени. Паркинг местата каде што се паркираа жителите сега се ископани и поминати со песок, нема каде да се паркираат автомобилите. До кога ќе се реновира оваа улица? – прашува таа. Токму ова прашање го поставивме и до Општина Центар, од каде до објавувањето на текстот не добивме официјален одговор до каде е изградбата на пешачката зона на „Мирослав Крлежа“, како и резидентниот паркинг. Улица Мирослав Крлежа – Фото Слободен печат – Методи Здравев Пренамената на оваа улица во пешачка за првпат ја најави поранешниот градоначалник на Центар, Саша Богдановиќ, во 2021 година, но проектот не се спроведе. Сепак, минатата година пренаменување на улица „Мирослав Крлежа“ во пешачка зона и резиденцијална зона влезе во Планот за програми и развој од 2025 до 2027 година, кој беше изгласан во Советот на Општината. Според планот, за пренамената на улицата се предвидени 82 милиони денари, или нешто над 1.3 милиони евра, од кои 750.000 денари се веќе исплатени за изработка и ревизија на основен проект, додека, пак, како што се наведува, во 2022 година немало давачки бидејќи бил раскинат договорот со изведувачот. Потоа, за во 2024 година биле предвидени милион денари за избор на нов изведувач и за негово почнување со работа, додека пак најмногу средства биле предвидени за минатата година, кога требало да се издвојат 45 милиони денари, или околу 730 илјади евра. – Во 2024 година се предвидува избор на изведувач за што се предвидени средства во износ од 1.000.000 денари за почнување со работа, средства во износ од 45.000.000 денари за 2025 година, средства во износ од 1.000.000 денари за 2026 година и средства во износ од 34.250.000 денари за 2027 година – беше наведено во образложението во Планот за развој на овој проект. Улица Мирослав Крлежа – Фото Слободен печат – Методи Здравев The post Нема крај на градежните работи на „Мирослав Крлежа“, жителите се наголтаа прашина appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →