ВИДЕО | По години отуѓеност, Били Реј и неговата ќерка Мајли Сајрус ставија крај на несогласувањата

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 3 saat önce
ВИДЕО | По години отуѓеност, Били Реј и неговата ќерка Мајли Сајрус ставија крај на несогласувањата

Популарниот кантри-пејач Били Реј Сајрус зборуваше за неговиот однос со својата ќерка, светската поп-ѕвезда Мајли Сајрус, откривајќи дека по години отуѓеност конечно успеале повторно да се поврзат благодарение на музиката, која отсекогаш ги спојувала, пишува „ Јунилад “. Нивните семејни односи се нарушија по бурниот развод на него и неговата поранешна сопруга Тиш во 2022 година, по што Мајли застана на страната на мајка ѝ, па дури го изостави татко ѝ од говорите за благодарно

Популарниот кантри-пејач Били Реј Сајрус зборуваше за неговиот однос со својата ќерка, светската поп-ѕвезда Мајли Сајрус, откривајќи дека по години отуѓеност конечно успеале повторно да се поврзат благодарение на музиката, која отсекогаш ги спојувала, пишува „ Јунилад “. Нивните семејни односи се нарушија по бурниот развод на него и неговата поранешна сопруга Тиш во 2022 година, по што Мајли застана на страната на мајка ѝ, па дури го изостави татко ѝ од говорите за благодарност на Греми наградите. Музиката како мост за помирување Били Реј сега тврди дека музиката им помогнала да ги надминат тензиите и дека нивната врска денес е посилна од кога било. Тој објасни дека музиката е нивната движечка сила и главен начин на комуникација. Според неговите зборови, Мајли уште од мали нозе ги видела сите подеми и падови во оваа индустрија, а нивниот меѓусебен однос во моментов го достигнал најдоброто можно ниво во нивните животи. Мајли созреала и ги прифатила грешките на родителите И самата Мајли неодамна потврди дека повторно зборува со својот татко, објаснувајќи дека со созревањето почнала да ги гледа своите родители како посебни личности, а не само како нејзин татко и мајка. Таа призна дека на почетокот, автоматски ја „презела“ болката на нејзината мајка како да е нејзина. Меѓутоа, откако видела дека нејзината мајка е среќно заљубена во нејзиниот очув, но и дека нејзиниот татко пронашол нова среќа, успеала да ги прифати како индивидуалци. Пејачката вели дека иако на почетокот детето во неа реагирало со лутина пред да успее да размисли зрело, со текот на времето сфатила дека нејзиниот татко е исто така личност која заслужува да биде среќна во животот. ФОТО | Мајли Сајрус доби ѕвезда на холивудската Патека на славните The post ВИДЕО | По години отуѓеност, Били Реј и неговата ќерка Мајли Сајрус ставија крај на несогласувањата appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön