РК Вардар 1961 аплицираше за место во Лигата на шампионите
Европската ракометна федерација денеска објави дека 27 екипи се регистрирани за сезоната 2026/27 во машката ракометна Лига на шампионите. Врз основа на ранкингот на федерациите, директно во групите обезбедија: Загреб, Алборг, Барселона, ПСЖ, Магдебург, Веспрем, Колстад, Киелце, Спортинг и Динамо Букурешт, како и победникот во ЕХФ Европската лига, Мелсунген. Вкупно 24 екипи ќе играат во новата сезона на ЛШ поделени во шест групи, секоја група ќе има по четири тима. Македонскио
Европската ракометна федерација денеска објави дека 27 екипи се регистрирани за сезоната 2026/27 во машката ракометна Лига на шампионите. Врз основа на ранкингот на федерациите, директно во групите обезбедија: Загреб, Алборг, Барселона, ПСЖ, Магдебург, Веспрем, Колстад, Киелце, Спортинг и Динамо Букурешт, како и победникот во ЕХФ Европската лига, Мелсунген. Вкупно 24 екипи ќе играат во новата сезона на ЛШ поделени во шест групи, секоја група ќе има по четири тима. Македонскиот првак Вардар 1961 не доби директно место во елитното европско клупско натпреварување, скопските „црвено-црни“ аплицираа за вајлд-карта. Покрај Вардар 1861, аплицираа уште пет клубови: Валур (Исланд), Целје Пивоварна Лашко (Словенија), Партизан (Србија), Криенс Луцерн (Швајцарија) и Кристианштад (Шведска). Аплицирааа уште 10 клубови чии федерации се во Топ 10 ранкинг на ЕХФ: Архус, ГОГ, Нант, Монпеље, Фуксе Берлин, Пик Сегед, Татабања, Елверум, Висла Плоцк и Порто. Конечната одлука за тоа кои ќе бидат учесници, ќе биде објавена во понеделник, 22 јуни, неколку дена пред ждрепката за групната фаза на ЛШ на 26 јуни во Виена. The post РК Вардар 1961 аплицираше за место во Лигата на шампионите appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →