ВИДЕО | Брижит Макрон се најде во непријатна ситуација со Трамп

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 3 saat önce
ВИДЕО | Брижит Макрон се најде во непријатна ситуација со Трамп

Годинешниот Самит на групат на најразвиени светски држави (Г7) во францускиот град Евијан ле Бен почна во сенка на дипломатски тензии, но вниманието на јавноста и на светските медиуми го привлече детал од официјалниот пречек, објави полски Плејада. Снимката од ракувањето меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, неговиот домаќин Емануел Макрон и првата дама на Франција, Брижит Макрон, брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни коментари и контроверзии. Познат

Годинешниот Самит на групат на најразвиени светски држави (Г7) во францускиот град Евијан ле Бен почна во сенка на дипломатски тензии, но вниманието на јавноста и на светските медиуми го привлече детал од официјалниот пречек, објави полски Плејада. Снимката од ракувањето меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, неговиот домаќин Емануел Макрон и првата дама на Франција, Брижит Макрон, брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни коментари и контроверзии. Познатиот експерт за говор на тело Маврици Северин детално ја анализираше средбата и објасни какви пораки и скриени мотиви можеле да се прочитаат зад необичните гестови на лидерите на двете светски сили. Психолошка војна со дланки Уште на самиот почеток од средбата, Доналд Трамп употребил специфична тактика, пред воопшто да му ја подаде раката на францускиот претседател. Според експертот, американскиот лидер направил посебно движење со свиткани прсти и со надворешната страна на дланката истурена напред. „Истиот гест може да се толкува на два начина: или како шега на сметка на Емануел Макрон или како отворен гест на доминација“, ја започна анализата Северин. Тој нагласува дека ова бил целосно свесен политички потег на Доналд Трамп. Односите меѓу двајцата лидери со години се, благо кажано, студени и воздржани, а американскиот претседател често ја користи можноста да ја исмее дипломатската префинетост и внимателност на својот француски колега. Француски пркос Од друга страна, Емануел Макрон на средбата на самитот на Групата седум дошол со јасна стратегија. Анализирајќи го неговото однесување, Северин забележува дека Макрон во еден момент ја ставил левата рака во џеб, што покажува дека не чувствувал стрес и дека бил многу опуштен и комотен во друштво на американскиот гостин. Сепак, динамиката се променила при самото ракување. Макрон го пречекал Трамп со дланката свртена нагоре, што се толкува како гест на почит, но и како свесно попуштање. Но, ситуацијата значително се сменила по поздравувањето. „По ракувањето, Трамп ги подигна рацете во висина на градите, испраќајќи порака до јавноста дека нема што да крие и дека не направил ништо лошо. Од друга страна, Макрон тогаш не ја врати раката во џеб, туку ги прекрсти прстите, со палците свртени нагоре, а тоа е класичен, отворен гест на демонстрација на сила и моќ“, објаснува експертот. Американскиот „челичен стисок“ Вистински дипломатски и општествен потрес, сепак, предизвика односот на Трамп кон првата дама на Франција. Откако се ракувал со претседателот, Трамп се свртел кон Брижит Макрон, ја бакнал во двата образа и го применил својот познат агресивен и цврст стисок на раката. A very long handshake between Trump and Brigitte Macron. pic.twitter.com/uabb6Rpug0 — NEXTA (@nexta_tv) June 15, 2026 Снимките покажуваат исклучително непријатно, долго ракување, кое траело повеќе од десет секунди. За тоа време Трамп, во својот добро познат манир на „повлечи-потегни“, цврсто ја држел раката на француската прва дама, додека таа видливо се обидувала да се ослободи од неговиот стисок. Корисниците на социјалните мрежи веднаш го осудија овој потег, нарекувајќи ги манирите на Трамп „непримерни“ и „одвратни“. Северин објаснува дека во американската политичка култура силата на стисокот при ракување директно покажува колку една личност сака да влијае врз друга и да ја наметне својата волја. Додека благо ракување се смета за знак на искрени емоции, силен стисок означува доминација. Трамп на тој начин уште еднаш ја искористил својата физичка експресија за да испрати порака кој ги диктира правилата на светската сцена, оставајќи зад себе уште еден дипломатски скандал за кој зборува јавноста. ВИДЕО | Зеленски збунето подзина откако Трамп го изигнорира на Самитот на Г7 ВИДЕО | Необичаен дипломатски момент: Мерц со задоцнет подарок му честита роденден на Трамп The post ВИДЕО | Брижит Макрон се најде во непријатна ситуација со Трамп appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön