ВИДЕО | Туристка предизвика бес, расфрли пепел од починат човек во Венеција

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 3 saat önce
ВИДЕО | Туристка предизвика бес, расфрли пепел од починат човек во Венеција

Туристка предизвика огорчување и гнев откако беше снимена како наводно ја истура пепелта на сакана почината личност во водите на басенот Свети Марко во Венеција. На снимката се гледа неименуваната Французинка како ја истресува содржината од ќесето , за која се верува дека е човечка пепел , во морето додека плови покрај островот Сан Џорџо Маџоре, пишува „Дејли мејл“. Инцидентот го снимили со камера патниците на вапоретот, градскиот воден автобус на Венеција. Видеото брзо се пр

Туристка предизвика огорчување и гнев откако беше снимена како наводно ја истура пепелта на сакана почината личност во водите на басенот Свети Марко во Венеција. На снимката се гледа неименуваната Французинка како ја истресува содржината од ќесето , за која се верува дека е човечка пепел , во морето додека плови покрај островот Сан Џорџо Маџоре, пишува „Дејли мејл“. Инцидентот го снимили со камера патниците на вапоретот, градскиот воден автобус на Венеција. Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи и ги поттикна локалните власти да покренат истрага. View this post on Instagram A post shared by 𝐕𝐞𝐧𝐞𝐳𝐢𝐚 𝐍𝐎𝐍 𝐞̀ 𝐃𝐢𝐬𝐧𝐞𝐲𝐥𝐚𝐧𝐝 (@venezia_non_e_disneyland) Во видеото, жената го отвора ќесето, а потоа нејзината содржина ја истура преку работ на бродот . Иако властите сè уште не потврдиле за што се работи, присутните верувале дека станува збор за пепел на почината личност. Во видеото може да се слушне еден жител на Венеција како налутено прашува: „Завршивте?“, по што снимката прекинува. Овој настан предизвика голем негодување кај жителите на Венеција, при што многумина го критикуваа не само изборот на локацијата, туку и очигледното непочитување на строгите локални правила што го регулираат расфрлањето на пепелта на починатите. Според прописите што важат во регионот Венето, пепелта може да се расфрла само на одобрени локации , вклучувајќи ги и специјално назначените „Градини на сеќавањето“ на гробиштата Сан Микеле, Местре и Маргера, или на приватно земјиште надвор од урбаните средини со дозвола од сопственикот. Во природните области, расфрлањето пепел е дозволено само на ограничени локации, вклучувајќи одредени делови од Јадранското Море оддалечени најмалку 700 метри од брегот , како и посебно назначениот дел од северната лагуна зад гробиштата Сан Микеле. Церемонијата мора да биде одобрена однапред врз основа на документираните желби на починатата личност, а потоа мора да се пријави кај надлежните органи. Базенот Свети Марко не е меѓу местата каде што е законски дозволено расфрлање пепел. Доколку се потврди дека туристката навистина истурила човечки остатоци во водата, би можела да се соочи со значителна парична казна. Властите започнале истрага, додека корисниците на социјалните медиуми продолжуваат да шпекулираат за идентитетот на жената. Турист добил отштета затоа што неговото семејство останало без лежалки на одмор во Грција ВИДЕО | Шпански турист сипал пиво во сурлата на слон: Случајот ја вознемири цела Кенија, а на мажот не му се пишува добро The post ВИДЕО | Туристка предизвика бес, расфрли пепел од починат човек во Венеција appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön