Враќање во 1950-тите — Игор со досега нераскажана приказна за маестро Џамбазов

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 2 saat önce
Враќање во 1950-тите — Игор со досега нераскажана приказна за маестро Џамбазов

Игор Џамбазов сподели ретка приказна за својот татко, маестро Џамбазов, кој почина на 25 јануари во 2022 година. Актерот објави црно-бела фотографија што веднаш предизвика емоции кај неговите пријатели и следбеници . На неа, од средината на педесеттите години на минатиот век, се гледа неговиот татко, легендарниот композитор и диригент Александар Џамбазов, заедно со неколкумина истакнати музичари од времето кога студирале на Музичката академија во Белград. „Каква фотографија!!

Игор Џамбазов сподели ретка приказна за својот татко, маестро Џамбазов, кој почина на 25 јануари во 2022 година. Актерот објави црно-бела фотографија што веднаш предизвика емоции кај неговите пријатели и следбеници . На неа, од средината на педесеттите години на минатиот век, се гледа неговиот татко, легендарниот композитор и диригент Александар Џамбазов, заедно со неколкумина истакнати музичари од времето кога студирале на Музичката академија во Белград. „Каква фотографија!!! Некаде на средината на педесеттите години од минатиот век, овие момчиња студирале на Музичката Академија во Белград“, напиша Игор, и откри кои се младите музичари на фотографијата. „Од горе надолу: Татко ми Џамбаз. Под него виолинистот Гане Шуплевски. Под нив е флејтистот Мирко Стантиќ, а најдолу концерт-мајсторот Зоран Димитровски…“, стои во неговата објава. Џамбазов во објавата потсети и на музичкото наследство на својот татко, споменувајќи ја легендарната Габи Новак и композицијата „Песма повратка“. „Во позадина ја слушате легендарната Габи Новак која ја пее ‘Песма повратка’, композиција на татко ми од престижниот Опатиски фестивал 1962“, напиша Игор Џамбазов. View this post on Instagram A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov) Александар Џамбазов важи за едно од најголемите имиња во македонската музика. Зад себе остави богат опус како композитор, диригент и аранжер, создавајќи музика што остана врежана во колективната меморија. Неговите композиции, особено фестивалските и детските песни, и денес се сметаат за безвременски, а неговото име останува синоним за врвна музичка уметност во Македонија. Тој беше иницијатор и долгогодишен диригент на еден од најафирмираните и најстари детски музички фестивали во Европа, „Златно славејче“. Џамбазов беше основоположник и на фестивалот на забавни мелодии „Скопје“, а пишуваше и филмска, театарска, хорска, класична и поп музика. За својата работа доби над 40 награди и признанија во Македонија и Југославија, меѓу кои и државната награда „11 Октомври“ и наградата на Град Скопје „13 Ноември”. Роден на 3 февруари 1936 во селото Стапар во Војводина, Џамбазов го учел музичкото образование во Штип, Скопје и Белград, каде што дипломирал во 1960 година. Веднаш потоа бил поканет да работи во Радио Скопје, прво во Редакцијата за сериозна музика, а потоа во Редакцијата за забавна музика и музичка продукција. Во 1964 е назначен за диригент на Танцовиот оркестар на РТВ Скопје и на тоа работно место остана до пензионирањето. The post Враќање во 1950-тите — Игор со досега нераскажана приказна за маестро Џамбазов appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön