ГАЛЕРИЈА | Се одлепи фасадата на десеткатница во Карпош исто како и лани – оштетени 3 возила

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 3 saat önce
ГАЛЕРИЈА | Се одлепи фасадата на десеткатница во Карпош исто како и лани – оштетени 3 возила

Попладнево околу 16 часот и 20 минути на улицата „Јуриј Гагарин“ број 33 се одлепи и падна масивен дел од фасадата на десеткатницата по што одронот се сруши врз три паркирани возила. Читателка на „Слободен печат“ тврди дека и лани се случило буквално истото, односно фасадата на истата зграда се одронила. -Попладнево по вторпат се одвои дел од фасада во зградата во која живеам. Лани на 9 јули за првпат падна дел од фасадата и историјата се повторува. И оваа година како и претх

Попладнево околу 16 часот и 20 минути на улицата „Јуриј Гагарин“ број 33 се одлепи и падна масивен дел од фасадата на десеткатницата по што одронот се сруши врз три паркирани возила. Читателка на „Слободен печат“ тврди дека и лани се случило буквално истото, односно фасадата на истата зграда се одронила. -Попладнево по вторпат се одвои дел од фасада во зградата во која живеам. Лани на 9 јули за првпат падна дел од фасадата и историјата се повторува. И оваа година како и претходната беа известени Центарот за управување со кризи, полицијата, општина Карпош. Полицијата брзо и професионално стигна на местото. Има оштетени три возила од кои едното е мое, а штетата допрва ќе се проценува. Прашање е кој ќе ја плати штетата, изјави за „Слободен печат“ Ана Донева, станарка од зградата чие возило е оштетено. „Слободен печат“ пред 6 години извести дека на истата улица, на само неколку стотици метри оддалеченост, се одрони фасада на слична десеткатница, по што заврши врз автомобилот на Васко Тодоров , популарниот актер од К-15, попознат како „Тошо Малерот“. The post ГАЛЕРИЈА | Се одлепи фасадата на десеткатница во Карпош исто како и лани – оштетени 3 возила appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön