Европски функционер тајно контактирал со Кремљ за Украина, Каја Калас остро се противи

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 3 saat önce
Европски функционер тајно контактирал со Кремљ за Украина, Каја Калас остро се противи

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, воспоставил контакт со Кремљ во обид рускиот претседател Владимир Путин да биде вклучен во разговори за завршување на војната во Украина, објави Ројтерс. Според извори запознаени со ситуацијата, главниот советник на Кошта имал најмалку два телефонски разговори со својот колега во Москва. Целта на тие контакти била да се подготви терен за посериозни и поконкретни преговори во иднина. Портпаролката на Антонио Кошта одбила да ги

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, воспоставил контакт со Кремљ во обид рускиот претседател Владимир Путин да биде вклучен во разговори за завршување на војната во Украина, објави Ројтерс. Според извори запознаени со ситуацијата, главниот советник на Кошта имал најмалку два телефонски разговори со својот колега во Москва. Целта на тие контакти била да се подготви терен за посериозни и поконкретни преговори во иднина. Портпаролката на Антонио Кошта одбила да ги коментира овие информации, а портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, не одговорил на новинарските прашања. Кошта и претходно најавуваше разговори со Москва Кошта, поранешен португалски премиер, кој сега го предводи телото составено од лидерите на дваесет и седумте земји членки на Европската Унија, и порано зборуваше за можноста да се отворат разговори со Москва кога за тоа ќе дојде вистинскиот момент. „Мораме, во вистински момент, да разговараме со Русија за да ги решиме нашите заеднички безбедносни прашања“, изјави Кошта минатиот месец пред новинарите. Каја Калас предупредува на руска замка Сепак, секој обид за воспоставување тајни канали со Москва или за именување специјален европски пратеник кој би посредувал во разговорите и натаму предизвикува големи поделби и контроверзии во Унијата. Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, поранешна естонска премиерка позната по остриот став кон Москва, минатиот месец предупреди дека Европа ризикува да постапи токму онака како што Русија посакува ако воопшто почне расправа за именување специјален пратеник за преговори со Путин. „Тие веќе сега избираат кој им одговара, а кој не — да не паднеме во таа замка“, порача Калас. Европа сака да ја преземе иницијативата од Вашингтон Информацијата за овој дипломатски потег се појави во јавноста пред дводневниот самит на лидерите на Европската Унија, кој утре почнува во Брисел. На собирот треба да им се приклучи и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Дипломатските односи меѓу Брисел и Москва целосно се прекинаа по руската инвазија врз Украина во 2022 година. Оттогаш се бележат само ретки и повремени билатерални контакти. Поради таквиот прекин на односите, Европа остана на страна во дипломатските разговори за завршување на војната, кои ги води Вашингтон. Критичарите на потегот на Кошта, пак, предупредуваат дека каква било средба со Путин би ѝ донела голема пропагандна победа на Русија. Се множат критиките на сметка на Каја Калас, во ЕУ се зборува за намалување на нејзините овластувања The post Европски функционер тајно контактирал со Кремљ за Украина, Каја Калас остро се противи appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön