ВИДЕО | „Шокантно е“ — сите зборуваат за рекламата на Бруклин Бекам во која им се потсмева на Викторија и Дејвид
Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин Бекам (27), им се потсмева на своите отуѓени родители во новата објава на Инстаграм. Во истата, алудира на моменталниот конфликт со своето семејство. „Спорната“ реклама Бруклин објави спонзорирано видео во соработка со компанија за достава на храна поврзана со Светското првенство во фудбал. На почетокот на видеото Бруклин седи на каучот, а потоа со иронична насмевка вели: „Сигурно се прашувате зошто го гледам Светското првен
Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин Бекам (27), им се потсмева на своите отуѓени родители во новата објава на Инстаграм. Во истата, алудира на моменталниот конфликт со своето семејство. „Спорната“ реклама Бруклин објави спонзорирано видео во соработка со компанија за достава на храна поврзана со Светското првенство во фудбал. На почетокот на видеото Бруклин седи на каучот, а потоа со иронична насмевка вели: „Сигурно се прашувате зошто го гледам Светското првенство од дома… Тоа е долга приказна.“ Потоа камерата се врти кон масата на која Бекам ги фрла билетите за првенството, а се гледа и ќесе со логото на компанијата. Во истиот кадар, на екранот се појавува текстот: „Комплицирано е. Наскоро повеќе“, алудирајќи на уште слични видеа во иднина. Многумина забележаа дека Бруклин со новата реклама индиректно се осврнал на кавгата со своето семејство , поради што многумина го критикуваа. „Дома си затоа што се раздели од целото семејство?“, „Изгледаш многу среќен што сè уште профитираш поради презимето Бекам“, „Кога мораш постојано да го критикуваш семејството за да останеш релевантен“, „Не, знаеме зошто. Му кажа на целиот свет“, напишале тие во коментарите. Видеото на Бруклин ги шокираше и пријателите на неговото семејство, кои своите коментари ги споделиле со „Дејли мејл“. „Шокантно е да се снима реклама заснована на отуѓување од семејството како да е шега, додека неговото семејство е уништено, а неговата сестра, како и бабата и дедото се неутешни. Особено од некој што тврди дека сака мир и приватност“, рекол еден пријател. Дејвид и Викторија ја користата ќерката како „пион“ Конфликтот помеѓу членовите на семејството Бекам трае со месеци, а помирувањето, се чини, не е ни на повидок. Помладата сестра на Бруклин, Харпер , наводно во петокот отишла во неговиот дом во Беверли Хилс за да му остави рачно напишана белешка . Меѓутоа, нејзиниот брат не бил дома . Кратко по нејзиното појавување пред домот во Бруклин што го дели со сопругата Никола Пелц , нивниот тим ги обвини Викторија и Дејвид дека „ја користат Харпер како пион“. „Фактот дека фотографите биле на лице место додека писмото било лично доставено кажува сè – ова било кореографирано за камерите“, изјавил еден извор за странските медиуми. Меѓутоа, пријателите на Дејвид и Викторија одговориле на „грдото обвинение против невината млада девојка“. „Неверојатно е тажно што ова страшно обвинение се упатува против невина млада девојка на која очајно ѝ недостасува братот. Воопшто не требало да се каже ништо, па затоа измислувањето на овие грди обвиненија е навистина непотребно“, рекле тие и додале дека Бруклин не прифатил никаков контакт од Харпер или своите баба и дедо. Меѓутоа, по посетата на Харпер, беше откриено дека Бруклин во тоа време бил во Њујорк. Кавги и тешки зборови Семејството Бекам е во конфликт со Бруклин и Никола во последните месеци, а односите наводно драматично се влошиле откако двојката не присуствуваше на забавата по повод 50-тиот роденден на Дејвид во мај 2025 година. По месеци гласини, Бруклин шокираше со изјавата од шест страници во која јавно ги нападна своите родители. Тој изјави дека повеќе не е дел од „брендот Бекам“ и инсистираше дека неговите родители, браќа и сестра биле „перформативни“. Тврдеше дека неговите родители го контролирале поголемиот дел од неговиот живот и дека се обиделе да ја саботираат неговата врска со Никола . Тој, исто така, се сети на венчавката со Никола Пелц и ја обвини Викторија дека несоодветно танцувала со него пред сите во моментот кога требало да го изведе првиот танц со сопругата. Тој, исто така, додаде дека Викторија, која сега е модна дизајнерка, во последен момент ја откажала изработката на венчаницата на Никол. Бруклин, исто така, рече дека пристигнал во Велика Британија со Никола за да го прослават роденденот на Дејвид , но дека нивните барања да се сретнат со него пред прославата биле одбиени. „Не сакам да се помирам со моето семејство“, рече Бруклин јасно пред целиот свет. Се огласи Дејвид Бекам откако неговиот син јавно го прозва: „На децата им е дозволено да прават грешки“ Гордон Ремзи му порача на Бруклин Бекам: „Еден ден ќе ги немаш мајка ти и татко ти“ The post ВИДЕО | „Шокантно е“ — сите зборуваат за рекламата на Бруклин Бекам во која им се потсмева на Викторија и Дејвид appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →