Опасен „предизвик“ — деца пијат апчиња за да халуцинираат, тинејџерка се бори за живот

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 2 saat önce
Опасен „предизвик“ — деца пијат апчиња за да халуцинираат, тинејџерка се бори за живот

Tинејџерка од американската сојузна држава Оклахома се бори за живот откако наводно учествувала во опасниот интернет-тренд познат како „Бенадрил предизвик“ („Benadryl Challenge“) , кој вклучува земање големи количини од лекот против алергии со цел да се предизвикаат халуцинации, пишува „Пипл“ . Петнаесетгодишната Леа Пресон моментално е хоспитализирана на одделението за интензивна нега во медицинскиот центар „Интегрис Хелт Баптист“ во Оклахома Сити, откако доживеала сериозни

Tинејџерка од американската сојузна држава Оклахома се бори за живот откако наводно учествувала во опасниот интернет-тренд познат како „Бенадрил предизвик“ („Benadryl Challenge“) , кој вклучува земање големи количини од лекот против алергии со цел да се предизвикаат халуцинации, пишува „Пипл“ . Петнаесетгодишната Леа Пресон моментално е хоспитализирана на одделението за интензивна нега во медицинскиот центар „Интегрис Хелт Баптист“ во Оклахома Сити, откако доживеала сериозни напади и срцев застој. Според нејзиниот татко Ричард Пресон , лекарите утврдиле дека девојчето нема мозочна активност. „Ме пречека болничкиот свештеник и ми рекоа: ‘Мораме да се помолиме’“, изјавил тој за американските медиуми. Семејството првично мислело дека нападите се поврзани со астмата од која боледува Леа, но состојбата се покажала многу посериозна. Таткото открил дека ова не бил првпат неговата ќерка да учествува во опасниот предизвик. „Не сакам ни да размислувам за погреб бидејќи чувствувам дека сè уште има надеж. Верувам во чуда“, рекол Пресон. Опасен тренд кој може да биде смртоносен „Бенадрил предизвикот“ се појави на социјалните мрежи пред неколку години и ги охрабрува младите да земаат многу поголеми дози од препорачаните за да предизвикаат халуцинации. Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) уште во 2020 година предупреди дека прекумерното консумирање на дифенхидрамин – активната состојка во лекот „Бенадрил“ – може да предизвика сериозни срцеви проблеми, напади, кома, па дури и смрт. Експертите нагласуваат дека дури и краткотрајното земање високи дози може да има фатални последици, особено кај деца и тинејџери. Од ТикТок соопштија дека содржините кои промовираат опасно однесување и можат да доведат до сериозни повреди или смрт се спротивни на правилата на платформата и се отстрануваат. Компанијата наведува дека пребарувањата поврзани со „Бенадрил предизвикот“ веќе неколку години ги пренасочуваат корисниците кон безбедносни информации и ресурси за помош. Сличен став има и Јутјуб, од каде порачаа дека имаат строги правила против содржини што поттикнуваат опасни предизвици и злоупотреба на супстанции. Семејството размислува за донирање органи Додека лекарите се борат за животот на Леа, нејзиното семејство се соочува со тешка одлука. „Целиот живот беше личност која сакаше да им помага на другите. Размислуваме за донирање на нејзините органи за да може да спаси до 90 животи“, изјавил нејзиниот татко. Тој апелираше до родителите да разговараат со своите деца за опасностите од интернет-предизвиците. „Сакам сите да бидат свесни колку е важно децата да се едуцираат. Овие предизвици се бесмислени и никогаш не смеат да доведат до вакви трагедии“, порача Пресон. Што е „чиа предизвик“? Новиот тикток тренд може да биде многу опасен The post Опасен „предизвик“ — деца пијат апчиња за да халуцинираат, тинејџерка се бори за живот appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön