Радев тргна по стапките на Орбан — Бугарија не поддржува санкции против рускиот патријарх Кирил и против „Лукоил“

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 2 saat önce
Радев тргна по стапките на Орбан — Бугарија не поддржува санкции против рускиот патријарх Кирил и против „Лукоил“

Бугарија се спротивставува на европските санкции против рускиот патријарх Кирил, потврди бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова. Софија не поддржува ниту дел од санкциите за кои се разговара во енергетскиот сектор, а кои би ги погодиле подружниците на „Лукоил“, пишува украинска „Европска правда“. Според Петрова-Чамова, евентуалните мерки против патријархот Кирил имаат симболичен карактер, би биле контрапродуктивни и би отвориле простор за антиевро

Бугарија се спротивставува на европските санкции против рускиот патријарх Кирил, потврди бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова. Софија не поддржува ниту дел од санкциите за кои се разговара во енергетскиот сектор, а кои би ги погодиле подружниците на „Лукоил“, пишува украинска „Европска правда“. Според Петрова-Чамова, евентуалните мерки против патријархот Кирил имаат симболичен карактер, би биле контрапродуктивни и би отвориле простор за антиевропска пропаганда дека Европа се меша во црковни прашања. Таа објасни дека санкциите што се разгледуваат се однесуваат на финансиските средства на рускиот патријарх. Министерката оцени дека ограничувањето на финансиските средства на патријархот Кирил во одредени банки нема да ги спречи неговите активности. Според неа, бугарската позиција е јасна: Софија поддржува санкции што имаат економски ефект, што не им нанесуваат поголема штета на земјите членки отколку на Русија и што не се само симболични по природа. Патријархот Кирил е една од највлијателните верски личности во Русија и има значително политичко влијание. Европската Унија првпат се обиде да го стави Кирил на црната листа во 2022 година, обвинувајќи го за поддршка на целосната инвазија врз Украина и за ширење ревизионистичка пропаганда. Тогаш предлогот беше блокиран од владата на Виктор Орбан, која го оцени како прашање што навлегува во областа на верските слободи. Европската комисија соопшти дека очекува предлогот за ново продолжување на санкциите против Русија поради војната во Украина да биде брзо одобрен. Портпарол на Комисијата изјави дека во вчерашното соопштение на Г7 групата било наведено дека е време да се зголеми притисокот врз Русија. Тој додаде дека се разговара со земјите од Европската Унија и дека дискусиите за поднесениот предлог ќе продолжат конструктивно, со надеж дека тој ќе биде одобрен што е можно поскоро. Бугарската влада на Румен Радев претходно објави дека ја суспендира директната воена помош за Украина, а кратко пред тоа не го поддржа ниту формирањето специјален трибунал за Владимир Путин. Ќе го поддржиме и забрзаме овој нов украински моментум, изјавија лидерите на Г7 и најавија нови санкции против Русија The post Радев тргна по стапките на Орбан — Бугарија не поддржува санкции против рускиот патријарх Кирил и против „Лукоил“ appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön