Мислев дека е препотентна скопјанка – Борче од „Донирај компјутер“ ја раскажа уникатна љубовна приказна со Оле

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 4 saat önce
Мислев дека е препотентна скопјанка – Борче од „Донирај компјутер“ ја раскажа уникатна љубовна приказна со Оле

Хуманиот кавадарчанец Борче Стаменов , познат по акцијата „Донирај компјутер“ на уникатен начин ја раскажа љубовната приказна со својата сопруга Борче Стаменов. „Коа се запознавме за првпат 2019 година на мото собирот на 12 деца, ја мислев дека она е препотентна скопјанка со плави нокти и малку така ми идеше на нерви ама сепак ја сликав. Бев влезен у филм дека сум фотограф иако апаратот го имав помалку од еден месец. Она мислела дека ја сум влезен у некој филм и така малку по

Хуманиот кавадарчанец Борче Стаменов , познат по акцијата „Донирај компјутер“ на уникатен начин ја раскажа љубовната приказна со својата сопруга Борче Стаменов. „Коа се запознавме за првпат 2019 година на мото собирот на 12 деца, ја мислев дека она е препотентна скопјанка со плави нокти и малку така ми идеше на нерви ама сепак ја сликав. Бев влезен у филм дека сум фотограф иако апаратот го имав помалку од еден месец. Она мислела дека ја сум влезен у некој филм и така малку повеќе се занесувам, ужасно сум ја нервирал. После некако станавме другари. Ни сам не знам како. И бевме другари долго време. Доста добри другари. Од оние другари каде разговорот нема крај. Од оние другари кои иако се од различни градови едноставно не губат контакт. Од оние другари кои кога одат во местото на живеење на другиот, одма си ѕвонат да си кажат дека се тука. Од оние другари што и кога ќутат, не им е досадно. Замисли, тишина во која уживаш. Од оние другари шо едвај чекаат да се видат. На една свирка, додека ‘Бед ес ол’ ја свиреа ‘The One I Love’ од R.E.M и ние урлавме со замислени микрофони: ‘Fireeee, fireeeeeee’, сконтавме дека можеме да бидеме и нешто повеќе од другари. Нешто ни светна во очите. И еве сме, уште најдобри другари евр. И уште свети, посилно од било кога. И сеа имаме уште една другарка која ќе ја носиме по концерти и свирки и сите заедно ќе урламе ‘Fireee, fireeeee“, сподели Борче Стаменов. Во август минатата година, Оле и Борче добија ќерка која се вика Каја, а гордиот татко често објавува нејзини слики со уникатни и духовити посвети за неа. Борче и неговата сопруга Оле објавија дека ќе станат родители во јули мината година, откако во мај се венчаа. Со иницијативата „Донирај компјутер“, Стаменов им овозможи на илјадници семејства, деца и ученици пристап до технологија, а со тоа и до подобро образование и иднина. Освен за донација на компјутери, тој секогаш се залага за поддршка на семејства во социјален ризик, организирајќи акции за помош. Досега, тој и неговиот тим досега донираа 3970 компјутери. ВИДЕО | Стаменов од „Донирај компјутер“: Нашата намера е секое семејство да има барем по еден компјутер The post Мислев дека е препотентна скопјанка – Борче од „Донирај компјутер“ ја раскажа уникатна љубовна приказна со Оле appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön