ФОТО | Максим Арсовски освои сребро на Европското клупско првенство за деца во теквондо

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 4 saat önce
ФОТО | Максим Арсовски освои сребро на Европското клупско првенство за деца во теквондо

Голем успех за теквондо клубот Штип на Европското клупско првенство за деца кое се одржа денеска, 17 јуни, во спортската сала „Горан Ченгиќ“ во Сараево, Босна и Херцеговина. Во силна конкуренција македонскиот теквондист и натпреварувач на Теквондо Клуб-Штип, Максим Арсовски покажа одлична борбеност, дисциплина и спортски дух, заслужено освојувајќи го сребрениот медал. – Овој резултат е доказ за неговата посветеност, напорната работа на тренинзите и континуираната поддршка од

Голем успех за теквондо клубот Штип на Европското клупско првенство за деца кое се одржа денеска, 17 јуни, во спортската сала „Горан Ченгиќ“ во Сараево, Босна и Херцеговина. Во силна конкуренција македонскиот теквондист и натпреварувач на Теквондо Клуб-Штип, Максим Арсовски покажа одлична борбеност, дисциплина и спортски дух, заслужено освојувајќи го сребрениот медал. – Овој резултат е доказ за неговата посветеност, напорната работа на тренинзите и континуираната поддршка од тренерскиот тим и семејството. Честитки до Максим за извонредниот успех и достојното претставување на клубот и градот Штип! Посакуваме уште многу медали и спортски достигнувања во иднина! – стои во објавата на Теквондо Клуб-Штип. За ова Европско клупско првенство за деца во Сараево имаше 197 пријави и 144 натпреварувачи. Настанот беше организиран од Теквондо федерацијата на Босна и Херцеговина во соработка со Европската теквондо унија (ETU). Фото: Теквондо Клуб-Штип Фото: Теквондо Клуб-Штип The post ФОТО | Максим Арсовски освои сребро на Европското клупско првенство за деца во теквондо appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön