Наградата „Книжевен жезол“ на ДПМ ќе им биде врачена на Ристо Василевски (Македонија) и Роза Бојанова (Бугарија)
По јубилеен триесетти пат, оваа сабота, 20 јуни, со почеток во 12 часот, во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) ќе се одржи манифестацијата „Празник на липите“, на која ќе бидат врачени наградите „Книжевен жезол“, кои секоја година се доделуваат на еден домашен и на еден странски поет за нивниот повеќедецениски поетски опус со високи естетски вредности и за нивниот влог во негување на книжевните врски помеѓу Македонија и другите земји. Овогодишни лауреати на наградата
По јубилеен триесетти пат, оваа сабота, 20 јуни, со почеток во 12 часот, во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) ќе се одржи манифестацијата „Празник на липите“, на која ќе бидат врачени наградите „Книжевен жезол“, кои секоја година се доделуваат на еден домашен и на еден странски поет за нивниот повеќедецениски поетски опус со високи естетски вредности и за нивниот влог во негување на книжевните врски помеѓу Македонија и другите земји. Овогодишни лауреати на наградата се македонскиот поет академик Ристо Василевски (1946, Наколец, Преспа) и бугарската поетеса Роза Бојанова (1953, Раброво, Кулско). За нивното творештво свечени беседи ќе одржат поетесата Сузана Мицева, минатогодишна финалистка на наградата „Ацо Шопов“ на Друштвото на писателите на Македонија, односно поетесата Драгана Евтимова, главен и одговорен уредник на издавачката куќа „Фуснота“. Настанот ќе биде збогатен со музички настап: „Соло-гитарска деконструкција на хармонските аспекти на ‘Не Се Бели Маре’ во три етапи“ на Филип Букршлиев, еден од најактивните и највпечатливите македонски гитаристи, композитори и импровизатори на современата музичка сцена. Традиционално, настанот е од отворен карактер. Ристо Василевски е поет, есеист, писател за деца, антологичар, книжевен критичар, преведувач, издавач и академик. Се школувал во родното место, во Љубојно и во Скопје. Студирал архитектура. Пишува и објавува на македонски и на српски јазик. Досега на двата јазици објавил 39 книги поезија, 6 книги философеми и мини есеи, 5 книги поезија и 2 романа во стихови за деца. Автор е на Избрани дела во 15 тома и на 1 аудио/касета. Василевски е составувач на над дваесет значајни антологии на поезија на македонски и српски јазик; неговите поетски книги и избори од неговата поезија се објавени на над 30 светски јазици, а самиот тој од македонски на српски јазик и обратно, како и од некои други јазици на српски и македонски јазик превел над 220 поетски, прозни, драмски и есеистички дела. За своите постигнувања бил номиниран за нобеловата награда за литература. „Со длабоко интроспективни стихови, Василевски како да нуди прибежиште во своите песни – засолниште и од минатото и од сегашноста. Поезијата неминовно е поврзана со судбината на човештвото; оттука, страдањата на светот не можат да го одминат чувствителниот поет, кој стрепи над човечката кревкост. (…) Поезијата на Василевски претставува храбро соочување со сопствените стравови, минливоста, вината, но и со потребата за припадност, љубов и помирување“, истакнува Сузана Мицева. Роза Бојанова (Раброво, Кулско, 6 март 1953 г.) е бугарска поетеса, која дипломирала бугарска филологија на Вишиот педагошки институт во Шумен. Работи во областа на културата и образованието. Во средината на 1980-тите, во Шумен го основала првото книжевно студио за работа со деца во областа на ликовната литература, „Камбанка“, кое станало креативна лабораторија за истражување, развој и изразување на детските дарби. Нејзин соработник во работата и соавтор бил Красимир Кунчев – доктор по филологија на Шуменскиот универзитет. Таа е потпретседателка на Бугарското друштво на писатели во Бургас и заменик-главен уредник на весникот „Автограф“ – регионален месечник за литература и уметност, заедничко издание на Сојузот на бугарските писатели. Авторка е на околу 40 книги со дела од деца од целата земја. Нејзините песни се преведени на руски, македонски, француски, англиски, хрватски, романски и други јазици. „Поезијата на Роза Бојанова има свои сложени поетски слики, низ кои провејува егзистенцијалното опстојување на тензичност, семантичката симболичност и емотивност што не е директно исповедна, туку постепено се разоткрива пред читателот, без брзање, но продорно навлегува во најсуштествените животни циклуси, па на тој начин поетесата нè потсетува дека директно треба да погледнеме на очи на сите падови и порази, но и да размислиме за светлината, времето, животот и нашето себеобликување“, посочува Драгана Евтимова. По врачувањето на „Книжевен жезол“, вториот дел од јубилејното издание на манифестацијата (книжевното читање „Празник на липите“ и врачувањето на наградите од конкурсот за кратки книжевни творби) е закажан за крајот на август, известија од ДПМ. The post Наградата „Книжевен жезол“ на ДПМ ќе им биде врачена на Ристо Василевски (Македонија) и Роза Бојанова (Бугарија) appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →