Америка официјално ги објави деталите од договорот со Иран
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го објави официјалниот текст на меморандумот за разбирање што Соединетите Американски Држави и Иран го постигнаа за време на викендот, со што првпат во јавноста се претставени деталите од договорот што треба да биде основа за конечен мировен договор, објави Ројтерс. Документот, насловен „Исламабадски меморандум за разбирање меѓу Соединетите Американски Држави и Исламската Република Иран“, содржи 14 точки и предвидува
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го објави официјалниот текст на меморандумот за разбирање што Соединетите Американски Држави и Иран го постигнаа за време на викендот, со што првпат во јавноста се претставени деталите од договорот што треба да биде основа за конечен мировен договор, објави Ројтерс. Документот, насловен „Исламабадски меморандум за разбирање меѓу Соединетите Американски Држави и Исламската Република Иран“, содржи 14 точки и предвидува итен прекин на воените операции, постепено укинување на санкциите против Иран, повторно отворање на Ормускиот Теснец за меѓународна пловидба и почеток на преговори за траен договор, кој треба да биде завршен во рок од 60 дена. Висок функционер на американската администрација изјави дека договорот овозможува итно отворање на Ормускиот Теснец, го обврзува Иран да ги неутрализира резервите на високо збогатен ураниум и отвора можност за постепено економско олеснување за Иран, во зависност од тоа дали ќе ги почитува преземените обврски. Прекин на војната и преговори за траен договор Првата точка од Меморандумот предвидува итен и траен прекин на сите воени операции меѓу двете држави и нивните сојузници, вклучително и на подрачјето на Либан. Двете страни се обврзуваат дека нема да почнуваат нови воени акции ниту да се закануваат со употреба на сила. Вашингтон и Техеран, исто така, се обврзаа на меѓусебно почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет, како и на немешање во внатрешните работи на другата страна. Конечниот договор треба да биде договорен во рок од 60 дена, со можност за продолжување ако двете страни се согласат на тоа. Отворање на Ормускиот Теснец Една од клучните одредби се однесува на повторно воспоставување слободна пловидба низ Ормускиот Теснец, еден од најважните светски енергетски коридори низ кој минува приближно една петтина од глобалната трговија со нафта. Соединетите Американски Држави се обврзаа постепено да ја укинат поморската блокада на Иран и да ги повлечат воените сили од непосредната близина на земјата по склучувањето на конечниот договор. Од друга страна, Иран се обврзува да овозможи безбеден премин на трговските бродови меѓу Персискиот Залив и Оманскиот Залив, без наплата на такси во текот на преодниот период од 60 дена. Фонд за обнова вреден 300 милијарди долари Меѓу најинтересните одредби од договорот е и обврската на Соединетите Американски Држави, заедно со регионалните партнери, да развијат план за економска обнова на Иран вреден најмалку 300 милијарди американски долари. Механизмот за спроведување на тој план треба да биде дефиниран во текот на преговорите за конечниот договор, а Вашингтон се обврзува да обезбеди сите потребни дозволи и изземања за спроведување финансиски трансакции. Меморандумот предвидува и постепено укинување на сите санкции против Иран, вклучително и санкциите на Обединетите нации, Меѓународната агенција за атомска енергија и едностраните американски санкции. Истовремено, Соединетите Американски Држави се согласија да овозможат користење на замрзнатите ирански финансиски средства и државен имот. Начинот на ослободување на тие средства треба да биде дефиниран во преговорите што следуваат. Американското Министерство за финансии веднаш по потпишувањето на меморандумот треба да издаде посебни одобренија за извоз на иранска нафта, нафтени деривати и поврзани финансиски услуги. Нуклеарната програма останува клучно прашање Иран со договорот повторно потврди дека нема да развива ниту да набавува нуклеарно оружје. Двете страни договорија во текот на идните преговори да го дефинираат начинот на неутрализација на постојните резерви на високо збогатен ураниум. Во официјалниот текст се наведува дека минималното барање е разредување на ураниумот на иранска територија, под надзор на Меѓународната агенција за атомска енергија. За прашањето на идното збогатување ураниум и за другите аспекти од иранската нуклеарна програма, исто така, ќе се преговара во текот на следните 60 дена. Разлики меѓу нацртот и официјалната верзија Пред објавувањето на официјалниот документ, американската телевизија Си-ен-ен објави нацрт-договор до кој дошла преку дипломатски извори. Официјалната верзија главно одговара на претходно објавениот текст, но содржи неколку важни измени. Најзначајната меѓу нив се однесува токму на постапката за неутрализација на иранските резерви на високо збогатен ураниум, која во претходниот нацрт не била прецизно дефинирана. Американските функционери истакнуваат дека меморандумот пред сè претставува политичка рамка за понатамошни преговори и дека не ги опфаќа сите детали и обврски што двете страни, наводно, ги договориле преку одделни дипломатски канали. Формалното потпишување на меморандумот е предвидено за петок во Швајцарија, по што треба да почне 60-дневниот процес на преговори за конечен договор меѓу Вашингтон и Техеран. Иран стекна нова моќна способност — може да го затвора Теснецот
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →