Матурантката од Битола, Искра Нечаковска, освои сребрен медал на Европската олимпијада по физика во Шведска

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 3 saat önce
Матурантката од Битола, Искра Нечаковска, освои сребрен медал на Европската олимпијада по физика во Шведска

Македонското знаме се развиори во Шведска на 10. Европска олимпијада по физика (EuPhO) што се одржува во Гетеборг, бидејќи ученичката Искра Нечаковска од Битола освои сребрен медал. Ова е еден од најзначајните успеси на македонските ученици на ова престижно меѓународно натпреварување, велат од Друштвото на физичарите на Република Македонија што го организира македонското учество на олимпијадата. На свечената церемонија во Гетеборг, медалот на Нечаковска ѝ го врачи шведската м

Македонското знаме се развиори во Шведска на 10. Европска олимпијада по физика (EuPhO) што се одржува во Гетеборг, бидејќи ученичката Искра Нечаковска од Битола освои сребрен медал. Ова е еден од најзначајните успеси на македонските ученици на ова престижно меѓународно натпреварување, велат од Друштвото на физичарите на Република Македонија што го организира македонското учество на олимпијадата. На свечената церемонија во Гетеборг, медалот на Нечаковска ѝ го врачи шведската министерка за образование и наука, Лота Едхолм. -Со особена гордост информираме дека Искра Нечаковска, ученичка во IV година во СОУ „Јосип Броз-Тито“ – Битола, освои сребрен медал, со што постигна еден од најзначајните успеси на македонските ученици на ова престижно меѓународно натпреварување. На свечената церемонија во Гетеборг, медалот на Искра Нечаковска ѝ беше врачен од шведската министерка за образование и наука, Lotta Edholm, информираа од гимназијата. Македонскиот тим беше составен од петмина ученици: Нечаковска, која е четврта година во гимназијата Јосип Броз-Тито“ во Битола, Андрија Младеновиќ, 3 година во „Математичко-информатичка гимназија“ во Скопје и Даниел Христовски, трета година, Марко Серафимовски и Михаил Шапчески, двајцата 4 година во школото „Јахја Кемал“ во Скопје. Водачи на тимот беа проф. д-р Ирина Петреска, раководител на Институтот за физика и член на Комисијата за натпревари при ДФРМ и Јан Стојановски, студент на Институтот за физика и поранешен олимписки натпреварувач и медалист. Тимот се подготвуваше на Институтот за физика и Природно-математичкиот факултет во Скопје. Почнал да чита на две години, а задачи решавал од три: Приказната на младиот гениј Македон Димитровски The post Матурантката од Битола, Искра Нечаковска, освои сребрен медал на Европската олимпијада по физика во Шведска appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön