„Зеленски да ја истера војната, па да си оди“ – две третини од Украинците испратија силна порака
Околу 67 отсто од Украинците очекуваат претседателот Володимир Зеленски да биде сменет по завршувањето на војната со Русија, покажува анкета на Киевскиот меѓународен институт за социологија, пренесе БГНЕС. Станува збор за значително зголемување во споредба со 2023 година, кога 23 отсто од анкетираните го делеле истото мислење. Додека претседателскиот мандат на Зеленски влегува во седмата година, ваквата промена укажува на поширока желба во општеството за промени не само во пр
Околу 67 отсто од Украинците очекуваат претседателот Володимир Зеленски да биде сменет по завршувањето на војната со Русија, покажува анкета на Киевскиот меѓународен институт за социологија, пренесе БГНЕС. Станува збор за значително зголемување во споредба со 2023 година, кога 23 отсто од анкетираните го делеле истото мислење. Додека претседателскиот мандат на Зеленски влегува во седмата година, ваквата промена укажува на поширока желба во општеството за промени не само во претседателската функција, туку и во другите гранки на власта. Истовремено, повеќе анкети во континуитет покажуваат дека мнозинството Украинци се против одржување избори додека не завршат воените дејства. На испитаниците им било поставено прашањето дали сметаат дека по војната Украина има потреба од преуредување и замена на централната власт, вклучително и претседателот, кабинетот и парламентот, за да може земјата да се обнови. Бројот на Украинци кои очекуваат преуредување на централните власти барем на едно ниво пораснал на 88 отсто, од 73 отсто во 2023 година, покажува истражувањето. Меѓу оние што целосно му веруваат на Зеленски, но сепак очекуваат тој да биде сменет по војната, тој удел изнесува 33 отсто. Процентот расте на 68 отсто кај оние што се склони да му веруваат, а достигнува 97 отсто кај оние што воопшто немаат доверба во него. Анкетата покажала и дека уделот на Украинците кои сметаат дека мешањето на претседателот во работата на парламентот и владата е оправдано, од 2022 година наваму се намалил на 52 отсто. Околу 83 отсто од Украинците поддржуваат преструктурирање на парламентот по војната, што е зголемување во однос на 69 отсто во 2023 година. Преструктурирање на владата поддржуваат 74 отсто од испитаниците, наспроти 47 отсто пред три години. Директорот на Киевскиот меѓународен институт за социологија, Антон Хрушетски, оцени дека претседателот и натаму ужива доверба и поддршка кај Украинците во прашањата поврзани со националната одбрана и дека, според мнозинството, треба да остане на функцијата до крајот на војната. Но, според него, таа доверба и поддршка не се безусловни, туку воздржани, а зад бројките стои пошироко барање за обновување на елитите и желба да се видат нови луѓе во парламентот, владата и другите државни институции. Неодамнешна анкета на Киевскиот меѓународен институт за социологија утврдила дека 61 отсто од Украинците имаат доверба во Зеленски, ниво што останало стабилно и покрај неодамнешниот корупциски скандал, најголем за време на неговиот мандат. Друга анкета од мај покажала дека само 28 отсто од испитаниците сакаат Зеленски да остане претседател по крајот на војната, додека 16 отсто сметаат дека тој може да остане во политиката, но во друга улога. ВИДЕО | Зеленски збунето подзина откако Трамп го изигнорира на Самитот на Г7 The post „Зеленски да ја истера војната, па да си оди“ – две третини од Украинците испратија силна порака appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →