ФОТО | Во Турција ископана мермерна статуа на Атена стара 2000 години — пронајдена е без глава, но со неверојатни детали

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 4 saat önce
ФОТО | Во Турција ископана мермерна статуа на Атена стара 2000 години — пронајдена е без глава, но со неверојатни детали

Погледот во минатото е секогаш извонреден, особено кога тоа минато нè враќа во деновите на Стариот Рим. Токму тоа го овозможува новото откритие во денешна Турција. На археолошкиот локалитет Лаодикија (Laodiceia) е откопана статуа на римсата божицата Атена, висока два метри и изработена од бел мермер, пишува „Мајмодернмет“. Статуата била пронајдена свртена со лицето надолу меѓу урнатините и е речиси целосно недопрена, а ѝ недостига само главата. На градите на Атена се наоѓа ег

Погледот во минатото е секогаш извонреден, особено кога тоа минато нè враќа во деновите на Стариот Рим. Токму тоа го овозможува новото откритие во денешна Турција. На археолошкиот локалитет Лаодикија (Laodiceia) е откопана статуа на римсата божицата Атена, висока два метри и изработена од бел мермер, пишува „Мајмодернмет“. Статуата била пронајдена свртена со лицето надолу меѓу урнатините и е речиси целосно недопрена, а ѝ недостига само главата. На градите на Атена се наоѓа егида – антички заштитен оклоп, на кој има сложен релјеф со главата на Медуза, опкружена со испреплетени змии. Божицата, која стои на кружна основа, е прикажана во пеплос без ракави, облека што најчесто ја носеле жените во архаичниот и класичниот период. Преку нејзините раменици и низ грбот паѓа наметка. Наспроти нејзината старост, статуата има извонредно ниво на зачувани детали, при што наборите на ткаенината. Announced today: Archaeologists have discovered a giant marble Athena statue in ancient Laodicea, Türkiye. The nearly 2,000-year-old statue was uncovered in the West Theater’s stage building in Denizli. Though headless, the figure still bears Athena’s unmistakable symbol: the… pic.twitter.com/rJ7Dzz31sQ — Architecture Hub (@archpng) April 24, 2026 Споменик од ерата на императорот Август Археолозите веруваат дека скулптурата датира од периодот на владеењето на императорот Август, кој владеел од 27 година пред новата ера до 14 година од новата ера. Откритија од вакви размери и со ваква убавина се ретки, што го прави овој наод огромен успех како за истражувачите, така и за турската иницијатива „Наследство за иднината“. Оваа национална програма, поткрената со цел да ги прошири археолошките ископувања и да ги обнови историските локалитети ширум земјата, во моментов поддржува работа на повеќе од 250 локации низ Турција, бројка која постојано расте. Откривањето на Атена во Лаодикија го нагласува успехот на оваа иницијатива и ја потврдува важноста на овој локалитет како клучен извор за разбирање на римскиот свет. View this post on Instagram A post shared by Konstantin | Ancient History Explorer (@thisisancient) Како што ископувањата продолжуваат, археолозите се надеваат дека артефактите откриени во Лаодикија дополнително ќе го прошират нашето знаење за римскиот период, вклучувајќи повеќе детали за секојдневниот живот, религиозните практики и уметничките традиции на луѓето од тоа време. ВИДЕО | Украдена римска статуа се враќа дома: Турција го враќа Марко Аврелиј ФОТО | Стар 2.600 години: Научник дешифрирал оштетен натпис пронајден во Турција ФОТО | Археолозите ископаа во Турција шминка стара 2.000 години, слична на онаа што ја користиме денес The post ФОТО | Во Турција ископана мермерна статуа на Атена стара 2000 години — пронајдена е без глава, но со неверојатни детали appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön