Поглед кон небото и кон трибините: португалските репрезентативци му оддадоа почит на својот 27. играч

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 3 saat önce
Поглед кон небото и кон трибините: португалските репрезентативци му оддадоа почит на својот 27. играч

Со силен удар со глава, Жоао Невеш донесе рано водство за Португалија против ДР Конго, а потоа емотивно му оддаде почит на прерано починатиот Жота . Португалците на Светското првенство носат посебна симболика, на некој начин со нив е и нивниот 12-ти играч. Додека сите репрезентации за настапот на Светското првенство во САД, Мексико и Канада објавија списоци со по 26 фудбалери, кај Португалија тоа беше малку поинаку. Нивниот список имаше едно замаглено, 27-мо име. Тоа 27-мо им

Со силен удар со глава, Жоао Невеш донесе рано водство за Португалија против ДР Конго, а потоа емотивно му оддаде почит на прерано починатиот Жота . Португалците на Светското првенство носат посебна симболика, на некој начин со нив е и нивниот 12-ти играч. Додека сите репрезентации за настапот на Светското првенство во САД, Мексико и Канада објавија списоци со по 26 фудбалери, кај Португалија тоа беше малку поинаку. Нивниот список имаше едно замаглено, 27-мо име. Тоа 27-мо име претставува посебна симболика на ова Светско првенство – Диого Жота , кој трагично го загуби животот пред околу една година. Сите настапи и голови ќе му бидат посветени нему Португалскиот напаѓач сигурно ќе беше дел од овој Мундијал , но судбината одлучи поинаку. Сепак, неговите соиграчи не го заборавија и постојано го споменуваат, а со различни симболични гестови играат во негова чест. Особено емотивно беше за време на интонирањето на португалската химна пред натпреварот против ДР Конго . На големиот екран, по завршувањето на химната, се појави фотографија од Жота , а сите негови поранешни соиграчи погледнаа во тој правец. Некои од нив погледнаа и кон трибините каде што беа неговите родители. Сцената беше исклучително емотивна. Жота несомнено е во мислите на португалските репрезентативци и секој позитивен резултат ќе му биде посветен нему. Diogo Jota’s parents are at Portugal’s opening World Cup match pic.twitter.com/PtRVV2ec3h — ESPN FC (@ESPNFC) June 17, 2026 Португалија е подготвена за многу повеќе од само добри резултати, оваа генерација има квалитет да стигне до самиот крај и да ја освои светската титула. ВИДЕО | Португалија со лош старт на Мундијалот, историски резултат за ДР Конго The post Поглед кон небото и кон трибините: португалските репрезентативци му оддадоа почит на својот 27. играч appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön