Руски авион со 189 патници исчезна од радарите
Патнички авион „Боинг 737-800“ на руската авиокомпанија „Смартавија“, кој летал на редовната линија Сочи – Архангелск, испратил сигнал за помош додека се наоѓал над Црното Море и набргу исчезнал од радарите, објави рускиот портал Лајф, а пренесе и Политика. Авионот полетал од Сочи пред околу два часа, а пилотите по околу половина час пријавиле шифра 7700, што означува сериозен инцидент во авионот. Во авионот се наоѓаат 189 патници и членови на екипажот. Седиштето на компанија
Патнички авион „Боинг 737-800“ на руската авиокомпанија „Смартавија“, кој летал на редовната линија Сочи – Архангелск, испратил сигнал за помош додека се наоѓал над Црното Море и набргу исчезнал од радарите, објави рускиот портал Лајф, а пренесе и Политика. Авионот полетал од Сочи пред околу два часа, а пилотите по околу половина час пријавиле шифра 7700, што означува сериозен инцидент во авионот. Во авионот се наоѓаат 189 патници и членови на екипажот. Седиштето на компанијата „Смартавија“ е во Архангелск, а нејзината флота се состои од 13 авиони: два „Боинг 737-700“, девет „Боинг 737-800“ и два „Ербас А320“. Просечната старост на флотата на „Смартавија“ е 16,8 години. ВИДЕО | Авион се урна на автопат во Тексас, има загинати и повредени The post Руски авион со 189 патници исчезна од радарите appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →