Димитријевиќ прв стрелец во новиот триумф во финалето против Алба Берлин

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 3 saat önce
Димитријевиќ прв стрелец во новиот триумф во финалето против Алба Берлин

Кошаркарите на Баерн Минхен денеска славеа во Берлин, каде што единствениот претставник на Германија во Евролигата ја победи Алба. Конечниот резултат од третиот натпревар од финалната серија во германскиот шампионат одигран во главниот град беше 83:91 (24:25, 16:18, 20:18, 23:30). Серијата останува во Берлин, па затоа има големи шанси Светислав Пешиќ да не се збогува со кошарката пред својата домашна публика, бидејќи натпреварот во Минхен би се играл само доколку биде 2:2 и с

Кошаркарите на Баерн Минхен денеска славеа во Берлин, каде што единствениот претставник на Германија во Евролигата ја победи Алба. Конечниот резултат од третиот натпревар од финалната серија во германскиот шампионат одигран во главниот град беше 83:91 (24:25, 16:18, 20:18, 23:30). Серијата останува во Берлин, па затоа има големи шанси Светислав Пешиќ да не се збогува со кошарката пред својата домашна публика, бидејќи натпреварот во Минхен би се играл само доколку биде 2:2 и се дојде до мајсторка. Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ беше најзаслужен за победата на тимот на Пешиќ со 19 поени (7/11 за два, 1/2 за три и 2/2 од поле) и седум асистенции. Кај поразените, најефикасен беше Џек Кајл со 17 поени (3/6 за два, 2/8 за три и 5/6 од поле), додека Џастин Бин постигна 11 поени (1/3 за два, 2/4 за три и 3/4 од поле) со по три скока и асистенции. Следниот четврти натпревар Алба – Баерн е закажан за в петок од 20.30 часот. The post Димитријевиќ прв стрелец во новиот триумф во финалето против Алба Берлин appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön