Одредени термините во кои ќе играат ракометарите на Светското првенство
Меѓународната ракометна федерација денеска ги соопшти термините за натпреварите од Светското првенство во машка конкуренција, кое во јануари ќе се одржи во Германија. Македонската репрезентација се наоѓа во групата Х, заедно со Исланд, Бахреин и Јапонија. Сите натпревари од групната фаза нашите ракометари ќе ги играат во Магдебург, во „ГЕТЕК Арена“. Настапот на шампионатот Македонија го започнува на 15 јануари против Јапонија, со почеток во 18 часот. Вториот натпревар е закаж
Меѓународната ракометна федерација денеска ги соопшти термините за натпреварите од Светското првенство во машка конкуренција, кое во јануари ќе се одржи во Германија. Македонската репрезентација се наоѓа во групата Х, заедно со Исланд, Бахреин и Јапонија. Сите натпревари од групната фаза нашите ракометари ќе ги играат во Магдебург, во „ГЕТЕК Арена“. Настапот на шампионатот Македонија го започнува на 15 јануари против Јапонија, со почеток во 18 часот. Вториот натпревар е закажан за 17 јануари, кога противник ќе биде Бахреин, исто така од 18 часот. Групната фаза македонските ракометари ќе ја затворат на 19 јануари со дуел против Исланд, кој ќе започне во 20:30 часот. Првите три селекции од секоја група обезбедуваат пласман во главната рунда од натпреварувањето. РК Вардар 1961 аплицираше за место во Лигата на шампионите The post Одредени термините во кои ќе играат ракометарите на Светското првенство appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →