Скопски културен водич: Каде на изложба низ град?

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 2 saat önce
Скопски културен водич: Каде на изложба низ град?

Летото не е само време за одмор и прошетки, туку и период кога културниот живот во градот особено оживува. Па, доколку сакате периодов да уживате во уметноста, да осознаете нови работи и времето со најблиските да го поминете подалеку од метежот на Скопје, погледнете ги нашите предлози за изложби низ градот: „Почеток после крајот: Визуелната култура на немирот – Вчерашниот свет денес 1900-2026“ Време: 6.5. – 12.7.2026 Локација: Музеј на современата уметност – Скопје Фото: МСУ

Летото не е само време за одмор и прошетки, туку и период кога културниот живот во градот особено оживува. Па, доколку сакате периодов да уживате во уметноста, да осознаете нови работи и времето со најблиските да го поминете подалеку од метежот на Скопје, погледнете ги нашите предлози за изложби низ градот: „Почеток после крајот: Визуелната култура на немирот – Вчерашниот свет денес 1900-2026“ Време: 6.5. – 12.7.2026 Локација: Музеј на современата уметност – Скопје Фото: МСУ Актуелна изложба курирана од Владимир Јанчевски, која истражува морбидни, но сепак критички перспективи. Изложбата ќе трае до 12 јули 2026 година. „Тапети“ Време: 2.6. – 15.7.2026 Локација: Музеј на современата уметност – Скопје Фото; МСУ На почетокот на јуни беше отворена изложбата „Тапети“ која сочинува дела и тапети од колекцијата на МСУ и ЕВН колекцијата од Австрија. Изложбата е курирана од поголем тим стручни лица и ги спојува уметничките дела од различно потекло. Темите, субјектите и уметничките ставови од неколку генерации се пресекуваат и се информираат, правејќи ја видлива универзалноста на уметноста и уметничкото производство. Изложбата ќе трае до 15 јули. „Кен Фридман: 92 настани + 1“ Време: 13.5. – 10.7.2026 Локација: Музеј на современата уметност – Скопје Фото: МСУ Во просториите на МСУ може да ја погледнете и изложбата „Кен Фридман: 92 настани + 1“, курирана од Владимир Јанчевски, на која е претставено творештвото на Кен Фридман, со учество и на мултидисциплинарниот уметник и дизајнер Ѓоко Муратовски. Изложбата ќе трае до 10 јули. „Анархични тела: согласност да не се биде едно“ Време: 28.5. – 30.6.2026 Локација: Музеј на современата уметност – Скопје Фото: МСУ Изложбата курирана од Славчо Димитров беше главен настан кој го отвори овогодинешниот фестивал „Викенд на гордоста – Скопје 2026“. Таа е фокусирана на квир искуството и анархичното тело, истражувајќи ја согласноста и начините на кои се избегнуваат доминантните логики на суверенитет, идентитет и припадност. Делата инсистираат на правото да се биде „нечитлив“ во општеството. Може да ја погледнете до крајот на месец јуни. „Ултрамарин“ Време: 10.6. – 24.6.2026 Локација: Културно-информативен центар – Скопје Фото: КИЦ Самостојната изложба на Јана Куновска се отвори на 10 јуни во изложбениот салон „Империјал 1“ . Изложбата која сочинува дванаесет дела чиј единствен призор е самото небо со птиците ќе биде поставена до 24 јуни. „Простор – тишина“ Време: 11.6. – 24.6.2026 Локација: Културно-информативен центар – Скопје Фото: КИЦ Самостојната изложба „Простор – тишина“ на Ненад Тонкин се отвори на 11 јуни, а ќе може да ја погледнете во Продажен ликовен салон при КИЦ до 24 јуни . Изложбата се состои од ахроматски колажни релјефи изработени од архивска „fine art“ хартија од брендот „Hahnemühle“. „Секогаш во изградба“ Време: 18.6.2026 Локација: Културно-информативен центар – Скопје Фото: КИЦ Изложбата „Секогаш во изградба“ на Ивана Самандова од Скопје и Исмаел Петроу од Франција ќе се отвори на 18 јуни со почеток во 20 часот , во Изложбен салон Империјал 2. На оваа заедничка изложба ќе може да ги погледнете делата со кои уметниците ги споделуваат и врзуваат своите уметнички практики со индивидуален фокус на градот Скопје, по престојот на програмата КреAр. „Ткаени приказни – трансенденција во времето“ Време: 15.6.-30.6.2026 Локација: Младински културен центар – Скопје Фото: МКЦ Оваа уметничко-едукативна, мултимедијална и сценографска изложба се отвори на 15 јуни. На изложбата инспирирана од македонскиот фолклор и неговите митски наративи и симболички обрасци, може да погледнете дела од повеќе автори. Изложбата може да ја погледнете до крајот на јуни. „Дехуманизација: Истражување на кревкоста на човештвото“ Време: 28.5. – 28.6.2026 Локација: Националната галерија на Македонија – објект Мала станица Фото: НГМ На крајот од месец мај во Националната галерија на Македонија – објект Мала станица беше отворена изложбата на академскиот уметник Милан Андов, насловена „Дехуманизација: Истражување на кревкоста на човештвото“. Дехуманизацијата, како процес на преиспитување, анализирање, како наше лично искуство, е присутна со години во творештвото на Милан Андов, па оттаму потекнува и овој циклус на дела преточен во изложба. Изложбата може да ја посетите до 28 јуни. „Ризница на постоењето – од документ до историја“ Време: 21.6.2026 Локација: Музеј на македонската борба за самостојност – Скопје Фото: Скопско лето Во рамки на богатата и разновидна програма на годинашното Скопско лето може да уживате и во изложбата „Ризница на постоењето – од документ до историја“ на Државниот архив на Р.С. Македонија. Изложбата е подготвена по повод 75 години постоење на оваа значајна институција и ќе биде отворена на 21 јуни во 20:30 во Музеј на македонската борба за самостојност. На 16 паноа ќе бидат прикажани документи кои говорат за историјата на Македонија во османлискиот период, историја на секојдневниот жи

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön