„Пурпласт“ вложува 15 милиони евра во ТИРЗ 2 во Скопје, отвара 200 нови работни места

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 3 saat önce
„Пурпласт“ вложува 15 милиони евра во ТИРЗ 2 во Скопје, отвара 200 нови работни места

Петнаесет милиони евра е новата инвестиција на компанијата „Пурпласт“ во ТИРЗ 2 во Скопје со која ќе се отворат до 200 нови работни места. За оваа инвестиција денеска беше остварена средба меѓу директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Гоце Димовски и извршниот директор на Пурпласт, Мехмет Шишманоглу. Димовски оценил дека новата инвестиција претставува значаен чекор во понатамошниот развој на компанијата и дека таа е уште една потврда за довербата на инвеститорите во условите што ги

Петнаесет милиони евра е новата инвестиција на компанијата „Пурпласт“ во ТИРЗ 2 во Скопје со која ќе се отворат до 200 нови работни места. За оваа инвестиција денеска беше остварена средба меѓу директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Гоце Димовски и извршниот директор на Пурпласт, Мехмет Шишманоглу. Димовски оценил дека новата инвестиција претставува значаен чекор во понатамошниот развој на компанијата и дека таа е уште една потврда за довербата на инвеститорите во условите што ги нудат технолошко индустриските развојни зони. Посочил дека вложувањето и проширувањето на компании кои веќе работат во рамки на зоните е најдобар показател за стабилноста на деловното окружување и конкурентноста на државата како инвестициска дестинација. Од страна на менаџментот на Пурпласт била изразена благодарност за досегашната поддршка и соработка со Дирекцијата за ТИРЗ, при што е истакнато дека новата инвестиција е резултат на позитивните искуства од работењето во зоната и довербата во институциите. Претставниците на компанијата нагласиле дека новата инвестиција ќе овозможи проширување на производствените капацитети, воведување нови производствени линии и отворање до 200 нови работни места, што ќе придонесе за понатамошен раст на компанијата и зајакнување на нејзината позиција на меѓународните пазари. СДСМ го откажа традиционалниот марш за 8 Март, ќе се приклучи на протестот „Нема да не снема“ На средбата биле разгледани и следните чекори за реализација на инвестицискиот проект, како и можностите за натамошно продлабочување на соработката. The post „Пурпласт“ вложува 15 милиони евра во ТИРЗ 2 во Скопје, отвара 200 нови работни места appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön