Алба Берлин израмни во финалето — Димитријевиќ и Баерн ќе играат „мајсторка“ за титулата
Денеска кошаркарите на Алба Берлин на домашен терен со 71:61 славеше против Баерн Минхен за израмнување во финалната серија на 2:2 во германското првенство. Петтиот решавачки натпревар за освојување на титулата оваа сезона ќе се игра во Минхен на 21 јуни со почеток од 18.00 часот. Во текот на третата четвртина играчите на тренерот Светислав Пешиќ имаа двоцифрено водство од 52:42, но оттогаш следуваше голема пад во играта кај гостите. Тоа максимално го искористија домаќините,
Денеска кошаркарите на Алба Берлин на домашен терен со 71:61 славеше против Баерн Минхен за израмнување во финалната серија на 2:2 во германското првенство. Петтиот решавачки натпревар за освојување на титулата оваа сезона ќе се игра во Минхен на 21 јуни со почеток од 18.00 часот. Во текот на третата четвртина играчите на тренерот Светислав Пешиќ имаа двоцифрено водство од 52:42, но оттогаш следуваше голема пад во играта кај гостите. Тоа максимално го искористија домаќините, во последните 10 минути на паркетот како да играа само домаќините кои стекнаа дури „плус 14“ предност (70:56). Во победничките редови доминираше Американецот Џастин Бин со 17 поени, девет скокови и две асистенции. На спротивната страна повторно блескаше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој за 25:44 минути игра беше прв стрелец во редовите на Баерн со 14 поени, пет скокови и две асистенции. The post Алба Берлин израмни во финалето — Димитријевиќ и Баерн ќе играат „мајсторка“ за титулата appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →