Јапонија и Шведска во директна пресметка за влез во нокаут фазата

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 4 saat önce
Јапонија и Шведска во директна пресметка за влез во нокаут фазата

Јапонија во натпреварот од третото последно коло во групата Ф влегува со четири освоени бода и стабилни настапи досега на Светското фудбалско првенство. Шведска заостанува еден бод и ситуацијата е јасна – победата на теренот во Арлингтон е речиси задолжителна за продолжување во нокаут фазата. Дуелот што ќе се игра на 26 јуни (01.00 часот) носи и судир на различни стилови на играње, каде што јапонската брзина и техничка дисциплина ќе бидат тестирани наспроти скандинавската физ

Јапонија во натпреварот од третото последно коло во групата Ф влегува со четири освоени бода и стабилни настапи досега на Светското фудбалско првенство. Шведска заостанува еден бод и ситуацијата е јасна – победата на теренот во Арлингтон е речиси задолжителна за продолжување во нокаут фазата. Дуелот што ќе се игра на 26 јуни (01.00 часот) носи и судир на различни стилови на играње, каде што јапонската брзина и техничка дисциплина ќе бидат тестирани наспроти скандинавската физичка сила. Холандија исто има четири бодови, но е веќе учесник во елиминациските мечеви. Во истиот термин, но во Канзас Сити, „лалињата“ ќе ја имаат фаворитската улога против Тунис и се обидат да ја оправдаат за освојување на првото место во групата. Тунижаните, по тешките порази во претходните кола, останаа без реални шанси за продолжување, но ќе се обидат да го заврши настапот на турнирот со подобар впечаток. Холанѓаните се потпираат на напаѓачкото трио Гакпо-Депај-Мален, со одличен среден ред предводен од Де Јонг и Гравенберх. The post Јапонија и Шведска во директна пресметка за влез во нокаут фазата appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön