Светското првенство руши рекорди: 4,6 милиони навивачи во првите 17 дена

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 4 saat önce
Светското првенство руши рекорди: 4,6 милиони навивачи во првите 17 дена

Групната фаза на најголемото Светско фудбалско првенство во историјата заврши, а турнирот, кој се игра во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико, веќе испиша нови страници со спортски рекорди и глобална популарност во првите 17 дена. Импресивна посетеност од 4.644.549 навивачи беше забележана на трибините на стадионите низ трите земји домаќини, поставувајќи нов рекорд за групната фаза на Светското првенство. Првото Светско првенство во формат со 48 национални тимови

Групната фаза на најголемото Светско фудбалско првенство во историјата заврши, а турнирот, кој се игра во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико, веќе испиша нови страници со спортски рекорди и глобална популарност во првите 17 дена. Импресивна посетеност од 4.644.549 навивачи беше забележана на трибините на стадионите низ трите земји домаќини, поставувајќи нов рекорд за групната фаза на Светското првенство. Првото Светско првенство во формат со 48 национални тимови донесе невиден размер на натпреварување и обедини повеќе нации, играчи и навивачи од кога било досега. Преку 72 натпревари во 16 градови домаќини, беше поставен нов стандард за глобалните спортски настани. Покрај рекордната посетеност на стадионите, беше забележано и најголемото издание на Фестивалот на навивачи на ФИФА, кој собра околу 5,5 милиони навивачи од целиот свет низ своите локации. Records tumble as FIFA World Cup 2026 Group Stage sets new benchmark for football’s greatest show Record-breaking attendance reaches 4.6 million across first 72 matches of tournament Global audiences and fan experiences reflect unprecedented scale of first 48-team… pic.twitter.com/ZlPvqF9IH1 — FIFA Media (@fifamedia) June 29, 2026 Статистиката за групната фаза дополнително ја потврдува обемот на ова натпреварување. Од вкупно 1.248 регистрирани играчи од 48 национални селекции, досега на 999 играчи им е дадена можност да играат, што дополнително ја покажува ширината и интензитетот на турнирот. Организаторите истакнуваат и еден интересен детаљ што ја одразува големината на настанот – досега на стадионите се потрошени околу 300.000 хот-догови, а доколку сите беа наредени еден по друг, би формирале линија долга околу 45 километри, што одговара на растојанието помеѓу стадионот во Њујорк (Њу Џерси) и аеродромот ЏФК. Првите 17 дена од турнирот целосно ги оправдаа очекувањата и поставија силна основа за нокаут фазата на ова проширено и историско издание на Светското првенство. The post Светското првенство руши рекорди: 4,6 милиони навивачи во првите 17 дена appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön