Студентите од домот „Никола Карев“ шест дена живеат под свеќи и без топла вода
Платформата „Студентарија“ повторно реагира на условите за живот во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид, каде шест дена нема струја, а туширањето е исклучиво со ладна вода. Воедно, оттаму обвинуваат дека ниту раководството на домот, ниту Министерството за образование досега не излегле со решение за проблемот. „Шест дена нема струја во ‘Никола Карев“ – Охрид, а институциите молчат!“, реагираат од „Студентарија“. Според сведочењата на студентите, причината за прекинот на с
Платформата „Студентарија“ повторно реагира на условите за живот во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид, каде шест дена нема струја, а туширањето е исклучиво со ладна вода. Воедно, оттаму обвинуваат дека ниту раководството на домот, ниту Министерството за образование досега не излегле со решение за проблемот. „Шест дена нема струја во ‘Никола Карев“ – Охрид, а институциите молчат!“, реагираат од „Студентарија“. Според сведочењата на студентите, причината за прекинот на струјата повторно се неплатени сметки. „Ова е само продолжение на состојбата. Во февруари годинава, во овој студентски дом беше прекинат пристапот до електрична енергија повеќе од 30 часа, повторно поради три неплатени сметки. Од пред неколку недели, пак, студентите во ‘Никола Карев’ – Охрид немаат пристап ниту до топла вода, а како привремено решение добија клучеви од само три соби во домот кои имаат бојлери за да можат да се истушираат. Сега, поради прекинот на електричната енергија, нема вода ниту во тие простории, па студентите останаа и без единственото решение што им беше понудено“, реагираат тие. Дополнително, како што посочува платформата, студентите реагираат и на квалитетот на храната што ја добиваат. Според нивните информации, за ручек најчесто добиваат леб, паштета, зденка и сокче, додека за вечера им се служат конзерва туна или говедски нарезок. Фото: „Студентарија“ „Во период кога веќе се соочуваат со сериозни проблеми со условите за живот, ваквата исхрана само дополнително го потврдува ниското ниво на грижа за студентскиот стандард. Во екот на испитната сесија, студентите се приморани во домот да учат и да се движат со свеќи“, забележува „Студентарија“. Апсурдот, велат оттаму, е уште поголем ако се знае дека утре е последниот ден за престој во студентските домови. „Наместо академската година да ја завршат во достоинствени услови, студентите ги пакуваат своите работи во дом без струја, без можност нормално да ги користат основните услови за живо“, нагласуваат оттаму. Според платформата, собено загрижува фактот што и покрај тоа што проблемот трае со денови и за него е јавно алармирано, нема никаква официјална реакција ниту од раководството на домот, ниту од Министерството за образование и наука. „Нема објаснување што е причината за прекинот, нема рок кога ќе биде отстранет дефектот, ниту информација што се презема за студентите кои сè уште престојуваат во домот. Студентите не бараат луксуз. Бараат струја, вода, пристојна храна и достоинствени услови за живот. Тоа не се привилегии, туку минимум што државата е должна да им го обезбеди!“, реагираат од „Студентарија“. „Нема струја, ама нема ни студенти“ За состојбите со струјата и топлата вода се обративме и до домот „Никола Карев“, но оттаму не ни кажаа зошто студентите се оставени без основи услови за живот, туку добивме само оскудна потврда дека „нема струја“. И, воедно, „нема студенти“ зашто било лето. „Да, точно е дека нема струја во домот. Но, да знаете дека нема ниту студенти. Празно е, лето е, сите се заминати“, ни рече на кратко домарот кој се јави на рецепција, ветувајќи дека ќе остави број на директорот на „Никола Карев“ за да нè исконтактира. Оскудни информации дадоа од домот и во февруари, кога „Студентарија“ исто така алармираше дека „Никола Карев“ е вратен во 19-иот век и студентите учат на свеќи. И тогаш, како и сега, студентите рекоа дека ова се случува единствено во домот, додека светлата и бојлерите работат во околината населба. Студентите од „Никола Карев“ цела вечер останаа во студ и под свеќи, домот за денес најавува решавање на проблемот The post Студентите од домот „Никола Карев“ шест дена живеат под свеќи и без топла вода appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →