Новата градинка во Трубарево пуштена во употреба, од среда ќе ги отвори вратите за децата

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 4 saat önce
Новата градинка во Трубарево пуштена во употреба, од среда ќе ги отвори вратите за децата

Од први јули околу 60 дечиња од Трубарево ќе можат да престојуваат во новата градинка „Кокиче, која денеска беше пуштена во употреба. Објектот се простира на 72 метри квадратни, има три занимални и административни простории. Изградбата на градинката чинеше 47 милиони денари обезбедени од буџетот на Општина Гази Баба, додека опремувањето, како што истакна градоначалникот Бобан Стевковски е реализирано со средства од Министерството за социјална политика, демографија и млади. Гр

Од први јули околу 60 дечиња од Трубарево ќе можат да престојуваат во новата градинка „Кокиче, која денеска беше пуштена во употреба. Објектот се простира на 72 метри квадратни, има три занимални и административни простории. Изградбата на градинката чинеше 47 милиони денари обезбедени од буџетот на Општина Гази Баба, додека опремувањето, како што истакна градоначалникот Бобан Стевковски е реализирано со средства од Министерството за социјална политика, демографија и млади. Градинка Трубарево/ Фото: Општина Гази Баба Според градоначалникот, со пуштањето на употреба на детската градинка се реализира децениски проблем и потреба на граѓаните. Она што со радост сакам да го кажам е дека ова е трета детска градинка што ја градиме на територија на Општина Гази Баба. Дополнително, во месец септември ќе се отвори градинката во Инџиково, а интензивно, согласно договорената динамика, се гради и новата детска градинка на потегот помеѓу Ќерамидница и Маџари. Она што ме радува е дека за неколку недели од денес започнуваме со изградба и на нова четврта детска градинка во населеното место Сингелиќ и со тоа сите оние листи на чекање на дечињата ќе заминат во историја, информира Стефковски. Од градинката „Пролет“ во Козле демантираат дека децата спиеле во холот и на бината, иако Општина Карпош потврди дека е така Освен изградбата на градинки, како што кажа тој, интензивно се работи на изградба на новото училиште во Ченто, што ќе биде отворено во месец септември, изградба на две нови спортски сали во Железара и во Црешево, изградба на нови фекални канализациски мрежи во Јурумлери и во Идризово, изградба на одводни канали во Стајковци и во Сингелиќ, асфалтирање на голем број улици и многу битни проекти. The post Новата градинка во Трубарево пуштена во употреба, од среда ќе ги отвори вратите за децата appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön