Судиите во процесот против Нетанјаху бараат да се повлече обвинението за поткуп
Судскиот совет во судењето за корупција против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес предложи обвинителството да го повлече обвинението за поткуп, објави „Тајмс оф Израел“ . Информацијата доаѓа откако адвокатот на премиерот изјави дека, доколку обвинението остане, процесот што започна во 2020 година би можел да се одолговлече до 2028 година. Судиите истата препорака ја дале и пред точно три години, предупредувајќи дека обвинението за поткуп би било тешко да се докаже.
Судскиот совет во судењето за корупција против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес предложи обвинителството да го повлече обвинението за поткуп, објави „Тајмс оф Израел“ . Информацијата доаѓа откако адвокатот на премиерот изјави дека, доколку обвинението остане, процесот што започна во 2020 година би можел да се одолговлече до 2028 година. Судиите истата препорака ја дале и пред точно три години, предупредувајќи дека обвинението за поткуп би било тешко да се докаже. Оттогаш, судот сослуша обемни сведочења од Нетанјаху во врска со обвинувањата, но ставот на судиите не е променет. Нетанјаху е обвинет и за измама и за злоупотреба на доверба во три одделни случаи. Дискусијата околу обвинението за поткуп се совпадна со предлогот на судиите да се одржуваат пет рочишта неделно, на што се спротивставија и обвинителството и одбраната. Нетанјаху побара сослушувањето во судот поради корупција да заврши порано бидејќи е болен „Ако обвинението за поткуп продолжи да нè следи, тука ќе имаме стотици сведоци. Нема да завршиме до март 2028 година“, изјави адвокатот на Нетанјаху, Амит Хадад. Нетанјаху се соочува со обвинение за поткуп само во еден од трите случаи против него, Случај 4000, во кој е обвинет и за измама и за злоупотреба на доверба, поврзани со односите меѓу телекомуникациската компанија „Безек“ и Министерството за комуникации за време на неговиот мандат. Случајот, познат и како „Безек-Вала“, се однесува на наводи дека Нетанјаху донел регулаторни одлуки кои финансиски ја фаворизирале „Безек“ и нејзиниот акционер Шаул Елович, во вредност од стотици милиони шекели. За возврат, се тврди дека Нетанјаху добивал поволно медиумско известување од порталот „Вала“, кој е во сопственост на Елович. Нетанјаху е исто така обвинет за измама и злоупотреба на доверба во уште два случаи — Случај 1000, кој се однесува на наводни скапи подароци од бизнисмени, и Случај 2000, во кој наводно договарал поволно медиумско покривање во весник во замена за ограничување на неговите конкуренти. Нетанјаху, кој присуствуваше на рочиштето, ги негира сите обвиненија. Судење на Нетанјаху: Израелскиот суд објави дека од ноември ќе одржува сведочења трипати неделно The post Судиите во процесот против Нетанјаху бараат да се повлече обвинението за поткуп appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →