Филков се пофали дека ги спровел „најобемните реформи во правосудството досега“

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 4 saat önce
Филков се пофали дека ги спровел „најобемните реформи во правосудството досега“

Министерот за правда Игор Филков денеска во Владата пред амбасадорите на Европската Унија ги презентираше резултатите од спроведувањето на Реформската агенда во делот на правосудството и законските измени во изминатиот период. Тој изјави дека во последните две години биле изготвени околу 30 законски решенија, од кои 13 директно се поврзани со Реформската агенда, што според него претставува „најобемен реформски процес реализиран од Министерството за правда во толку краток врем

Министерот за правда Игор Филков денеска во Владата пред амбасадорите на Европската Унија ги презентираше резултатите од спроведувањето на Реформската агенда во делот на правосудството и законските измени во изминатиот период. Тој изјави дека во последните две години биле изготвени околу 30 законски решенија, од кои 13 директно се поврзани со Реформската агенда, што според него претставува „најобемен реформски процес реализиран од Министерството за правда во толку краток временски период“. Според Филков, реформите се спроведуваат во координација со Владата, Европската комисија, експертската јавност и меѓународните партнери, со цел воспоставување поефикасен и функционален правосуден систем усогласен со европските стандарди. Во рамките на четвртото барање за повлекување средства од Реформската агенда се следат 17 реформски чекори, од кои седум се однесуваат на усвојување на 13 законски решенија во надлежност на Министерството за правда. Филков информираше дека сите законски решенија се подготвени, четири веќе се усвоени во Собранието, додека останатите се во различни фази на законодавната постапка. Дел од реформите, меѓу кои Законот за јавното обвинителство и Изборниот законик, се предмет на понатамошни консултации за обезбедување поширока политичка поддршка. „Реформите се инвестиција во иднината на државата. Со нив градиме посилни институции, поефикасно правосудство, повисока доверба кај граѓаните и побрза европска интеграција“, додаде Филков. „Ниту ќе има повеќе вработени, ниту повисоки плати“ — вработените во обвинителствата реагираат на предлог-законот The post Филков се пофали дека ги спровел „најобемните реформи во правосудството досега“ appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön