Дијаспората спорна за договор за Изборниот законик

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 4 saat önce
Дијаспората спорна за договор за Изборниот законик

Нема оптимизам дека сепак ќе падне договор помеѓу власта и опозицијата да нема блокада на усвојувањето на Изборниот законик, и покрај двете одржани средби зад затворени врати меѓу координаторите на пратеничките групи во Собрание. Опозицијата е скептична дека ќе има договор бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од електронско гласање на дијаспората, на што тие се противат, иако како што велат за „Слободен печат“ учесници на средбата, сите други опозициски барања власта ги прифатила.

Нема оптимизам дека сепак ќе падне договор помеѓу власта и опозицијата да нема блокада на усвојувањето на Изборниот законик, и покрај двете одржани средби зад затворени врати меѓу координаторите на пратеничките групи во Собрание. Опозицијата е скептична дека ќе има договор бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од електронско гласање на дијаспората, на што тие се противат, иако како што велат за „Слободен печат“ учесници на средбата, сите други опозициски барања власта ги прифатила. Нова состанок е закажан за утре кога и дефинитивно треба да биде појасно дали Изборниот законик ќе биде блокиран или влста и опозицијата ќе постигнат консензус. ВМРО-ДПМНЕ прави обиди да спречи амандманска блокада на изборната регулатива од СДСМ и од Левица, односно да обезбеди консензус за законот. Според информации од власта, можно е да обезбедат поддршка за законот од Левица, но како што велат, тешко дека ќе ја убедат и СДСМ да не го блокира законот со илјадници амандмани. Тешко оди договарањето меѓу власта и опозицијата Според учесници на средбата, има многу работи за кои не може да се постигне консензус. Можен е договор со Левица за финансиите за медиумското рекламирање, како и да се тргне членот 76 ѓ, кој според Левица, но и други партии, буквално воспоставува механизам на власта за цензура на социјалните мрежи, а за кои е предвидена глоба од 8.000 евра. Според брифинзите, договор нема за една од главните забелешки на СДСМ за електронското гласање на дијаспората, од кое, пак, ВМРО-ДПМНЕ и Вреди не се откажуваат. ЛДП не е против електронското гласање, но смета дека тоа треба да се воведе за сите гласачи, односно да не важи само за гласачи од дијаспората, туку за сите гласачи, поточно и во Македонија да се гласа електронски, во спротивно би се направила дискриминација на гласачите. Одговорот од ВМРО-ДПМНЕ е дека избрана е дијаспората, бидејќи треба да се почне од некаде. За ЛДП е неприфатливо најголемиот дел од финансиите за медиумското рекламирање повторно да завршат кај големите партии. Спорен е и бројот на потписи што треба да го соберат независните за учество на парламентарните избори. Се предлага 8 отсто потписи од запишани избирачи во изборна единица, што е многу. СДСМ: Власта подготвува терен за изборна измама За СДСМ е неприфатлива понудата на премиерот Христијан Мицкоски да поднесат неколку амандмани со кои би се исполниле нивните барања во однос на одредбите во новиот Изборен законик. Социјалдемократите сметаат дека треба одново да се преговара за целиот изборен законик. СДСМ веќе најави дека со 10.000 амандмани ќе го блокира Изборниот законик, а блокада најави и Левица. Според СДСМ, со измените на изборната регулатива власта подготвува терен за изборна измама, а Левица смета дека се врши политичка дискриминација во финансирањето на кампањите и внесување решенија за кои немало согласност во работната група. ВМРО-ДПМНЕ, пак, ја обвини опозицијата дека ја кочи реформската агенда. Лидерот на СДСМ Венко Филипче стравува од злоупотреба на изборниот процес и порача дека ваков закон Собранието не смее да донесе. За СДСМ, спорен е предлогот за електронско гласање на дијаспората, бидејќи нема доволно механизми за контрола, на промената во начинот на означување на гласачкото ливче и ограничување на приговорите само ако се внесени во записниците. Според предлогот, дијаспората своето право на глас ќе може да го оствари преку електронскиот систем на Државната изборна комисија. За СДСМ спорен е системот што тоа право треба да го обезбеди, односно дека не е обезбеден начин како ќе се утврди дека пред уредот навистина се наоѓа пријавениот избирач. Друг проблем е и дали некој влијае на избирачот при гласањето. Координаторот на пратеничката група на Левица Борислав Крмов го оспори консензусот за кој власта тврди дека е постигнат. – Не е точно дека сте имале каков било консензус од партијата Левица за овој документ. Сето тоа се лаги. Ние сме доведени да прифатиме којзнае што само за да фрлите неколку ситни трошки и потоа да тврдите дека има согласност. Исправањето на неуставните решенија не е услуга кон Левица, туку ваша обврска – рече Крмов. Лидерот на Левица Димитар Апасиев рече дека останува на ставот дека државното финансирање на изборните кампањи мора да важи еднакво за сите политички субјекти или воопшто да не постои. Мицкоски: Единственото барање ни е електронско гласање на дијаспората Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку Фејсбук реагираше дека опозицијата има шанса да ја поддржи европската иднина преку реформи. „Блокираат закон што со месеци го договараа. Закон во кој им прифативме сѐ што предложија. Единственото нешто што побаравме е дијаспората да може да гласа по електронски пат уште на следните претседателски избори. Прво го прифатија, а денес го блокираат и бараат бледи алиби-аргументи“, смета Мицкоски. Тој на опозициските пратеници им напиша и амандман што им го понуди да го предложат. „Ајде вака: предложете

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön