Нападот со бомба врз украинскиот бизнисмен не е терористички чин, тврди обвинителството во Монако

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 2 saat önce
Нападот со бомба врз украинскиот бизнисмен не е терористички чин, тврди обвинителството во Монако

Властите во Монако ја истражуваат експлозијата во која беа повредени тројца како „обид за убиство“, но засега не ја третираат како „терористички“ чин, изјави денеска јавниот обвинител. Стефан Тибо одби да каже кој бил претпоставената цел на бомбата што експлодирала вчеравечер, иако повеќе извори наведуваат дека станува збор за украинскиот бизнисмен Вадим Јермолајев. Инцидентот се случил околу 21 часот во зграда во близина на границата со Франција. Повредена е брачна двојка на

Властите во Монако ја истражуваат експлозијата во која беа повредени тројца како „обид за убиство“, но засега не ја третираат како „терористички“ чин, изјави денеска јавниот обвинител. Стефан Тибо одби да каже кој бил претпоставената цел на бомбата што експлодирала вчеравечер, иако повеќе извори наведуваат дека станува збор за украинскиот бизнисмен Вадим Јермолајев. Инцидентот се случил околу 21 часот во зграда во близина на границата со Франција. Повредена е брачна двојка на возраст од 50 до 60 години, која е во животна опасност, и 13-годишно момче, кое најверојатно е нивен роднина и има полесни повреди. Кнезот Алберт Втори го оцени нападот како „гнасно злосторство“, а властите соопштија дека осомничениот оставил торба или пакет во холот на зградата и побегнал кон француската општина Босолеј. Експлозивната направа содржела завртки и сачми. На терен биле распоредени десетици пожарникари и припадници на безбедносните служби, а уште четири лица биле третирани поради шок и исеченици. ВИДЕО | Украински олигарх и неговото семејство се повредени во бомбашки напад во Монако The post Нападот со бомба врз украинскиот бизнисмен не е терористички чин, тврди обвинителството во Монако appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön