Концертна промоција на деби-албумот „Пустохија“ од групата ТМУР ќе се одржи во „Котур“

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 3 saat önce
Концертна промоција на деби-албумот „Пустохија“ од групата ТМУР ќе се одржи во „Котур“

По десетина настапи низ скопските клубови, во текот на кои нивниот првичен дуо формат постепено прерасна во квартет, ТМУР ќе го издадат и концертно ќе го промовираат својот деби албум „Пустохија“. Промоцијата ќе се одржи на 2 јули (четврток), со почеток во 21 часот, во „Котур“, а влезниците ќе чинат 200 денари. Албумот е снимен во студиото „Профундус“, под продукциската палка на Дориан Јовановиќ, еден од најискусните и најреномирани македонски музички продуценти. Изданието пр

По десетина настапи низ скопските клубови, во текот на кои нивниот првичен дуо формат постепено прерасна во квартет, ТМУР ќе го издадат и концертно ќе го промовираат својот деби албум „Пустохија“. Промоцијата ќе се одржи на 2 јули (четврток), со почеток во 21 часот, во „Котур“, а влезниците ќе чинат 200 денари. Албумот е снимен во студиото „Профундус“, под продукциската палка на Дориан Јовановиќ, еден од најискусните и најреномирани македонски музички продуценти. Изданието претставува прва заокружена студиска документација на бендот и природно продолжение на неговиот постепен развој на концертната сцена. ТМУР го сочинуваат Анис Османовиќ (бас гитара), Кристијан Новковски (тапани), Дамјан Поповски (тамбура) и Кристијан Јордановски (електроника и перкусии). Во оваа постава тие создаваат звук кој тешко се вклопува во воспоставените жанровски категории. Нивната музика може да се опише како хипнотична, минималистичка, бескомпромисна и трансоидна балканска психоделија, во која традиционалните звучни матрици се преиспитуваат низ современ, тежок и репетитивен музички јазик. Иако во нивната музичка естетика можат да се препознаат влијанија од стоунер, дум и дрон металот, ноиз-рокот, како и од бендови како „Om“, „Sleep“, „Swans“, „Earth“, „Sun O“ и „The Local Blue“, како и од современите психоделични изданија на дискографски куќи „El Paraiso Records“ и „Heavy Psych Sounds Records“, суштината на нивниот звук не лежи во овие референци. Напротив, тие претставуваат само појдовна точка за една автентична интерпретација на балканската психоделична сонична палета – простор во кој со векови се испреплетувале различни културни, историски и музички влијанија. Во таа смисла, ТМУР претставуваат една од поавтентичните појави на современата македонска независна сцена. Нивните композиции се развиваат бавно и постепено, создавајќи чувство на ритуалност и потопеност во музиката, што повеќе потсетува на колективно психоделично искуство отколку на конвенционален рок-концерт, известија од „Аксиома“. The post Концертна промоција на деби-албумот „Пустохија“ од групата ТМУР ќе се одржи во „Котур“ appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön