Венецуела пријави дека разорниот земјотрес оштетил 855 згради — НАСА проценува огромна бројка од 59.000 објекти

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 4 saat önce
Венецуела пријави дека разорниот земјотрес оштетил 855 згради — НАСА проценува огромна бројка од 59.000 објекти

Речиси 59.000 згради биле оштетени или уништени во двата земјотреси што се случија во Венецуела, според истражувачи од американската вселенска агенција НАСА, пренесува „Анадолија“ . Проценката е значително повисока од досегашните официјални бројки. „Приближно 58.870 згради веројатно се оштетени или уништени во погодениот регион“, се наведува во извештај базиран на сателитски радарски податоци, собрани на 25 јуни од истражувачите Кори Шер и Џејмон Ван Ден Хоек од Државниот уни

Речиси 59.000 згради биле оштетени или уништени во двата земјотреси што се случија во Венецуела, според истражувачи од американската вселенска агенција НАСА, пренесува „Анадолија“ . Проценката е значително повисока од досегашните официјални бројки. „Приближно 58.870 згради веројатно се оштетени или уништени во погодениот регион“, се наведува во извештај базиран на сателитски радарски податоци, собрани на 25 јуни од истражувачите Кори Шер и Џејмон Ван Ден Хоек од Државниот универзитет на Орегон. Извештајот користи радарски податоци од сателитот „Сентинел-1“ на Европската вселенска агенција. ВИДЕО | Жена се породи под урнатините по разорните земјотреси во Венецуела Истражувачите го опишуваат како прелиминарна проценка што укажува на „нагли површински промени во согласност со оштетувања“, нагласувајќи дека податоците не се проверени на терен и дека треба да се сметаат како рана индикација. За споредба, последниот официјален извештај на венецуелската влада, презентиран од претседателот на Националното собрание Хорхе Родригес, наведува дека се оштетени 855 згради, од кои 189 целосно се урнати. Родригес соопшти дека бројот на загинати во последователните земјотреси се искачил на 1.719, додека 5.034 луѓе се повредени. Според Геолошкиот завод на САД, на 24 јуни во јужноамериканската држава се случиле два земјотреси со јачина од 7,2 и од 7,5 степени, со разлика од 39 секунди. Земјотресот од 7,5 степени бил регистриран 23 километри југоисточно од Јумаре во државата Јаракуј, додека потресот од 7,2 степени се случил 23,9 километри североисточно од Сан Фелипе, исто така во Јаракуј. ВИДЕО | Катастрофален земјотрес во Венецуела — се стравува дека 100.000 луѓе загинале, Трамп вети хуманитарна помош The post Венецуела пријави дека разорниот земјотрес оштетил 855 згради — НАСА проценува огромна бројка од 59.000 објекти appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön