Чупиќ: Кога ќе почнеме да играме, ќе знаеме дали овој формат на ЛШ е подобар

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 4 saat önce
Чупиќ: Кога ќе почнеме да играме, ќе знаеме дали овој формат на ЛШ е подобар

Македонскиот шампион Вардар по пауза од четири години се враќа во најелитното европско натпреварување и тоа во сезона во која натпреварувањето ќе се игра во нов формат. Во пресрет на новата сезона, тренерот Иван Чупиќ истакна дека сите во клубот со нетрпение го чекаат стартот на сезоната. „Прв впечаток? Многу сме среќни и задоволни што после четири години ќе играме Лига шампиони, така што со нетрпение го очекуваме септември и да го започнеме нашиот пат во најелитното клупско

Македонскиот шампион Вардар по пауза од четири години се враќа во најелитното европско натпреварување и тоа во сезона во која натпреварувањето ќе се игра во нов формат. Во пресрет на новата сезона, тренерот Иван Чупиќ истакна дека сите во клубот со нетрпение го чекаат стартот на сезоната. „Прв впечаток? Многу сме среќни и задоволни што после четири години ќе играме Лига шампиони, така што со нетрпение го очекуваме септември и да го започнеме нашиот пат во најелитното клупско натпреварување“, вели Чупиќ. Чупиќ вели дека најважно за Вардар е да биде конкурентен во сите натпревари. „Секој противник е различен и за секој противник треба посебно да се подготвиме. Но за Вардар најважно е да бидеме конкурентни. Имаме шест натпревари во групната фаза. Сакам да видам јак, борбен, тимски Вардар со заедничка цел да ја поминеме групната фаза. Ќе имаме прилика да видиме до каде сме и на што може да се надеваме во оваа група.“ Дали е подобар новиот формат за вардарци ќе знаат откако ќе играат. „По прв пат се игра во овој формат, па кога ќе имаме повеќе искуство ќе видиме дали е подобар или не, а и да се види просторот за грешки што може да се направат. Ние сакаме да го дадеме максимумот на секој натпревар и да пробаме да се пласираме во Главната фаза. Лигата на шампионите е многу тешко натпреварување и секоја екипа која е овде заслужува да биде дел од него. Просторот за грешка на секој натпревар е мал, па секој натпревар ќе биде тежок.“ Комплетното интервју на Чупиќ можете да го прочитате на клупскиот сајт на Вардар. The post Чупиќ: Кога ќе почнеме да играме, ќе знаеме дали овој формат на ЛШ е подобар appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön