„Полско цвеќе“ стана жална реалност — ретка исповед на Владо Јаневски за Тоше

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 2 saat önce
„Полско цвеќе“ стана жална реалност — ретка исповед на Владо Јаневски за Тоше

Ретка емотивна приказна за тоа како настанал хитот на Тоше Проески , „Полско цвеќе“ , раскажа Владо Јаневски во интервју за хрватски медиум на почетокот од годинава. Во едно од своите искрени интервјуа, овојпат за „24 сата“, Владо отворено прозборе за тоа како неговите стихови напишани за композиција на Тоше несвесно зборуваат за тажна случка. Стиховите што ги потпишува Јаневски за песната „Полско цвеќе“, особено рафренот „Полско цвеќе млад нека ме покрие, душа нек ми љубат о

Ретка емотивна приказна за тоа како настанал хитот на Тоше Проески , „Полско цвеќе“ , раскажа Владо Јаневски во интервју за хрватски медиум на почетокот од годинава. Во едно од своите искрени интервјуа, овојпат за „24 сата“, Владо отворено прозборе за тоа како неговите стихови напишани за композиција на Тоше несвесно зборуваат за тажна случка. Стиховите што ги потпишува Јаневски за песната „Полско цвеќе“, особено рафренот „Полско цвеќе млад нека ме покрие, душа нек ми љубат облаци кога нејќеш ти“ имаат голема симболика. „Непресушниот ентузијазам на Тоше и желба за напредок доведоа до тоа веќе да не му биде беше доволно да пее само песни кои други му ги пишуваа по нарачка. Сакаше да има и сопствен авторски удел на своите албуми. Често во интервјуата знаеше да напомене како сум му јас омилен текстописец, и кога првпат ја напиша музиката за своја песна, ме повика и ми рече дека би сакал токму јас да му напишам текст. Пред тоа правев препеви за многу негови песни од македонски на хрватски јазик, но мојот прв оригинален текст за него беше за ‘Полско цвеќе’. Не се сеќавам зошто одлучив да го додадам тој елемент на трагичност во таа љубовна песна, но иронијата на судбината сакаше некои стихови од таа песна подоцна да станат жалосна реалност. Бидејќи и двајцата имавме свои концертни обврски и патувања, не ги правевме песните заедно во студио, туку најчесто на далечина, преку мејл и телефон“, вели Јаневски, кој по прераната смрт на Тоше во октомври 2007 година се повлече. Приказната за нивното пријателство започнува речиси една деценија пред трагедијата, во време кога јавноста сè уште не беше целосно свесна за вонсерискиот капацитет на момчето од Крушево Владо Јаневски бил меѓу првите искусни музичари кои го препознале тој голем потенцијал и му дале шанса на големата сцена. „Тоше, како помлад и тогаш уште релативно непознат изведувач, беше гостин на мојата турнеја во 1998 година за време на која ми стана очигледно дека тоа е извонредно талентирано и пред сè интелигентно момче. Беше буквално како сунѓер, сè сакаше да знае и да научи што е можно повеќе, и тоа што е можно побрзо. Поради тоа така брзо напредуваше и на музички план и во личниот развој. Неуморно работеше на себе, не се штедеше на енергија и љубовта која ја подаруваше беше тајната на неговиот успех“, се присетува Јаневски во текстот за хрватскиот медиум кој го објави на социјалните мрежи во јануари. Денес, по заминувањето на Владо Јаневски, македонската поп-историја останува без уште едена музичка икона. Сепак, зад нив двајцата остануваат сеќавањата за една златна ера и стиховите на „Полско цвеќе“ кои вечно ќе сведочат за нивните соработка и пријателство. „Малечок бев и уште не знаев дека плачат и возрасни“: Владо Јаневски три децении го пишуваше она што сите го чувствувавме The post „Полско цвеќе“ стана жална реалност — ретка исповед на Владо Јаневски за Тоше appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön