ФОТО | Репортажа — како само еден летен викенд поминат во Берово ми ја промени перцепцијата за одмор (засекогаш)

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 2 saat önce
ФОТО | Репортажа — како само еден летен викенд поминат во Берово ми ја промени перцепцијата за одмор (засекогаш)

Мојата прва посета на Берово пред десетина години беше во особено ладниот, зимско-јануарски период, а тоа патување го паметам по студот, прекрасната природа и чистиот воздух, потоа одличната храна, но и макотрпниот пат до таму. И нема да лажам, добро си поминав, ама не бев максимално импресионирана за одново да резервирам престој пак во скоро време, мислам дека студот ме „пресече“, беше навистина мноооогу ладно. Во меѓувреме станав мајка, па приоритетите за да изберам дестина

Мојата прва посета на Берово пред десетина години беше во особено ладниот, зимско-јануарски период, а тоа патување го паметам по студот, прекрасната природа и чистиот воздух, потоа одличната храна, но и макотрпниот пат до таму. И нема да лажам, добро си поминав, ама не бев максимално импресионирана за одново да резервирам престој пак во скоро време, мислам дека студот ме „пресече“, беше навистина мноооогу ладно. Во меѓувреме станав мајка, па приоритетите за да изберам дестинација се променија, но не ја исклучувам и самата транзиција од дваесетите во триесетите години, која сама по себе налага почесто да бараш места во кои вистински ќе се одмориш за се чувствуваш „пожив“, наместо преферираната врева, популарни места (ака hotspots) и спектакли. Се решивме да отпатуваме со семејството во Берово бидејќи зимово забележав објава од угостителски објект наречен „Ловен дом“ , на која беа прикажани многу срни и зајчиња. Му ја покажав објавата на сопругот и му реков, е, тука треба да одиме на викенд, да подишеме чист воздух, да се подружиме со природата и животните и да си купиме локално сирење. Многу ме привлече пасторалната глетка да резевираме уште во јануари, ама никако не се случи. Од денешна перспектива, пресреќна сум што ни се случи „живот“ во меѓувреме, затоа што можеби немаше да знам што значи да го посетиш Берово во про(летен) период. Резервирав во „Ловен дом“ , се спакувавме и така започна приказната за местото кое ми ја промени перцепцијата за летен одмор. Убавината започнува пред финишот Но, пред да ви опишам зошто Берово ме инспирираше до степен да напишам текст, морам да ви споделам дека изминатиов период, работата неколкупати ме носеше накај Штип и Кочани, и при секое возење натаму, глетките при возењето ми го ресетираа мозокот од убавината која ја впивав низ прозор. Фото: Приватна архива Во целиот предел, но особено кај клучката Кадрифаково, доминираат брановидни ридови кои во зависност од сезоната менуваат боја. Од пролет до лето, призорот варира од златно-жолт до земјено-кафеав во есен и зима. Фото: Приватна архива Воопшто не претерувам кога велам дека панорамата ви дава чувство на бесконечност затоа што небото изгледа огромно. Ова уживање е поголемо за совозачот, но секако ќе го почувствува и човекот зад воланот (или најискрено – за секој што вистински ќе си дозволи да го види, оти може и да не кренете глава од телефон – избор е). Фото: Приватна архива Како што патот насочува кон Кочани и Виница, пејзажот нагло се менува во интензивно зелен и хидрографски богат, каде доминираат оризовите полиња (вистинското кочанско злато) и изгледаат како водени огледала. Накај Виница делува како да навигираш низ отворена долина со планини на хоризонтот, околината е врамена со Плачковица, Голак и Обозна. Нуркање во зеленото море Како што се приближувавме кон Берово, пејзажот стануваше сè попланински. Во Скопје беше прилично топло со температура од 30тина степени, но како што почнаа да доминираат првите појаси на букова и дабова шума, ја исклучивме климата во колата и ги отворивме прозорите. Фото: Приватна архива И како што навлегувавме во планинската серпентина, воздухот стануваше посвеж и се попријатен. Толку сме напатени од секојдневниот, токсичен воздух во Скопје, што разликата веднаш се чувствува и добиваш нагон да (в)дишеш што подлабоко. Фото: Приватна архива По два часа возење од Скопје, пристигнавме во „Ловен дом“ , каде освен дружбата со животните и желбата да пробаме некој од нивните специјалитети (ми изгледаа особено вкусно на фотографиите) решивме и да преноќиме таму. На нивниот сајт, собите изгледаа комфортно и чисто, но и замислата, после ручек да се дружиш со животни, па да си дозволиш прошетка до плоштадот без да палиш кола оти е навистина блиску, а сепак во шума, ми звучеше многу привлечно. Плус, забележав дека во сумата за ноќевање има и опција за мекици со малешевско сирење во појадокот (многу сум пристрасна за мекици). Фото: Приватна архива Само што го оставивме автомобилот на паркингот на „Ловен дом“, застанав за момент и разгледав наоколу, бидејќи имаше и зошто – само зеленило околу нас, а небото, посино не можеше да биде. Се чувствував како да ги плакнам очите со зелено море. Сега кога се навраќам на чувството, не треба ни да ме чуди. Беровскиот регион е официјално признаен како еден од најголемите „воздушни бањи“ на Балканот поради огромната шумска површина на белиот и црн бор, буката и дабот. Специфичните воздушни струења во околината генерираат највисока концентрација на кислород во Источна Европа. Колку богати не’ прави тоа? Фото: Приватна архива Срни, диви јаготки и домашно сирење? Да, да, да! Патувањето и свежиот, планински воздух не’ огладнеа, па само ги оставивме работите во апартманот и веднаш седнавме на ручек. Пространата, летна тераса на „Ловен дом“ е под прикриено сонце и придружена со благопријатен ветер. Фото: Приватна архива Многу ни се допадна решението за сенка, бидејќи го чув

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön