Ватсап воведува голема промена — дали ќе влијае на приватноста?

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 3 saat önce
Ватсап воведува голема промена — дали ќе влијае на приватноста?

Популарната апликација за комуникација Ватсап подготвува една од најголемите промени од своето постоење. Во наредните месеци корисниците ќе можат да комуницираат без да го споделуваат својот телефонски број, туку наместо него ќе користат единствено корисничко име. Новата функција ќе биде достапна за сите три милијарди корисници ширум светот. Од понеделник, корисниците ќе можат да го резервираат посакуваното корисничко име, но користењето на оваа опција нема да биде задолжител

Популарната апликација за комуникација Ватсап подготвува една од најголемите промени од своето постоење. Во наредните месеци корисниците ќе можат да комуницираат без да го споделуваат својот телефонски број, туку наместо него ќе користат единствено корисничко име. Новата функција ќе биде достапна за сите три милијарди корисници ширум светот. Од понеделник, корисниците ќе можат да го резервираат посакуваното корисничко име, но користењето на оваа опција нема да биде задолжително. Од компанијата соопштија дека корисничкото име ќе може да се промени или избрише во секое време. Откако функцијата целосно ќе биде активирана, новите контакти ќе можат да се поврзуваат исклучиво преку размена на кориснички имиња, додека можностите за блокирање и пријавување несакани пораки ќе останат непроменети. Корисничките имиња ќе бидат ограничени на најмногу 35 знаци. Сепак, нема секое име да биде достапно. Имињата на високи државни функционери и светски познати личности ќе бидат резервирани или блокирани за да се спречи лажно претставување и измами. Така, нема да биде можно да се отвори профил со име како Доналд Трамп или со имиња на други влијателни јавни личности. Од „Мета“, компанијата во чија сопственост е Ватсап, велат дека воведувањето на кориснички имиња претставува важен чекор кон подобра заштита на приватноста. Според директорката за производи во Ватсап, Алис Њутон-Рекс , многу корисници сакале да комуницираат без да го откриваат својот телефонски број, особено во големи групни разговори. Целта, како што посочи таа, е „на корисниците да им се врати контролата врз тоа како се претставуваат во апликацијата“. Слична можност уште на почетокот на 2024 година воведе и апликацијата Сигнал, која важи за една од најбезбедните платформи за размена на пораки. Иако експертите ја поздравуваат оваа новина, предупредуваат дека таа не значи целосна приватност. Кариса Велиз , професорка на Универзитетот во Оксфорд и авторка на книгата „Приватноста е моќ“, истакнува дека Ватсап нуди поголема приватност со оваа функција, но потсетува дека „Мета“ и понатаму собира голем број метаподатоци за маркетиншки цели. Таа нагласува дека компанијата има лоша историја кога станува збор за заштитата на личните податоци. Сепак, Ватсап не ја користи содржината на приватните пораки за рекламирање, бидејќи тие се заштитени со енкрипција од крај до крај. Тоа значи дека никој, па ниту самата компанија, не може да ја прочита нивната содржина. Но, „Мета“ и понатаму ги користи метаподатоците, како што се информациите со кого комуницирате и во кое време, за подобрување на своите рекламни алгоритми. Со воведувањето на новата функција, телефонските броеви повеќе нема да бидат јавно видливи на корисничките профили, ниту ќе постои јавен именик со кориснички имиња. Телефонскиот број ќе остане неопходен само при отворање нова сметка. Минималната возраст за користење на платформата останува 13 години. Исто така, апликациите за размена на пораки нема да бидат опфатени со најавената забрана за користење социјални мрежи за лица помлади од 16 години во Велика Британија, која се очекува да стапи во сила следната година. Мета воведува „инкогнито“ режим на „Ватсап“ за поголема приватност при разговор со вештачка интелигенција The post Ватсап воведува голема промена — дали ќе влијае на приватноста? appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön